Тој зборуваше за својата многу динамична и одговорна работа за интернет-порталот „Краснаја звезда“. Во интервјуто што го даде за овој весник, капетанот Дмитриј Чашин рече дека од август 2015 година се наоѓа на задача заштита на воздушниот простор на Русија. Тоа за него стана најважната етапа во неговата досегашна професионална кариера. Особено му останала во сеќавање неговата прва задача кога пресретнал извидувачки авион RC-135. Дотогаш само на слики можел да види странски воен авион, бидејќи нема обичај да присуствува на саеми каде се прикажува воздухоповна воена техника. Првиот визуелен контакт се случил над водите на Балтичкото Море. Операцијата за непосредно следење на тој авион траела час и половина.
На неговото ново формациско место во рамките на дежурниот пар руски ловци на Балтичка флота, имало и многу интензивни денови и ноќи, кога за само неколку часа се полетувало и по неколку пати. Се случувало од различни правци да се појават повеќе авиони на НАТО кои се заканувале да го загрозат рускиот воздушен простор. Така, една ноќ се појавиле три патролни авиони Challenger, како и едно беспилотно летало со голем долет Global Hawk, пренесува интернет-порталот РГ.
Рускиот пилот со чин капетан имал можност да се сретне и со американскиот стратешки бомбардер B-52. Тој се појави над неутралните води во близина на шведската граница. За да извршат негово следење, руските ловци летале со суперсонична брзина поголема од 2 маха (околу 2400 км/ч) во правец на овој исклучително опасен воздушен објект.
„Го видов B-52 од далечина и му пријдов поблиску“, се присетува Дмитриј Кашин. „Неговите димензии се навистина впечатливи. Тоа е огромно летало. Ние внимателно погледнавме што има на поткрилните носачи, го забележивме неговиот евиденциски, ја информиравме нашата команда“.
Гардискиот капетан се сеќава и на пресретнување на шведски авион за радарско набљудување и разузнавање S-100B Argus. Овој мал двомоторен авион нема навика често да се појавува на патролни мисии, така што средбата со него е вистинска реткост.
Во целина, капетанот Дмитриј Чашин резимира дека дежурните ловечко-пресретнувачки потенцијали на Балтичката флота од година на година се соочуваат со зголемен интензитет на извидување од страна на летала кои се наоѓаат во составот на авијацијата на НАТО.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче