Руската армија наредната година го усвојува беспилотното летало „Орлан-30“

Беспилотно летало „Форпост“ (Searcher Mk II)

Беспилотно летало „Форпост“ (Searcher Mk II)

Слободан Ѓукиќ
Станува збор за длабоко модернизиран извидувачки дрон, последниот од серијата беспилотни летала „Орлан“. Неговата основна намена ќе биде прецизно наведување на тешката артилерија врз широк спектар на непријателски цели. Особено индикативно е што „Орлан-30“ ќе биде во вмрежен со штотуку модернизираните тешки артилериски орудија 2С7М „Малка“ и 2С4 „Тулпан“, кои имаат способност за дејство со тактичко нуклеарно оружје.

Новото тактичко беспилотно летало (скр. БПЛА) „Орлан-30“ ќе влезе во вооружувањето на руската армија до крајот на следната година. Ова за интернет-порталот „Известија“ го кажа извор од руското Министерство за одбрана. Овој модел веќе помина експериментална проверка во воени услови (Сирија), како и на меѓународната воена вежба од стратешки формат „Центар-2019“.

Според изворите на овој медиум, „Орлан-30“ претставува последна модификација од семејството беспилотни летала „Орлан“. Леталото ќе биде опремено со посовремени уреди од неговите претходници (конкретно со бпл „Орлан-10“), оптоелектронски блок и специјален комплекс за наведување.

Стартната тежина на модернизираното беспилотно летало „Орлан-30“ ќе биде значително поголема од верзијата „Орлан-10“ и ќе изнесува околу 30 кг. Леталото ќе може да лета 300 километри, со крстосуачка брзина на летот од 150 км/ч. „Орлан-30“ ќе може да остане во воздух повеќе од 5 часа (до 10 часа). Модернизираното беспилотно летало ќе полетува со помош на катапулт, што овозможува дополнителна заштеда на гориво, како и можност за негова употреба од неуредени позиции, пренесува интернет-порталот ТАСС.

Што се однесува до неговата главна намена, „Орлан-30“ ќе се користи за извидување на фронтот, откривање на цели и одредување на точните координати за изведување артилериски напади со високопрецизна муниција со голема разорна сила. Како што наведе извор од руското Министерство за одбрана, ова летало ќе биде целосно вмрежено со тешката артилерија. Ова првенствено се однесува на тактичкото вмрежување во реално време со тешките самоодни орудија 2С7М „Малка“ и 2С4 „Тулпан“ кои, покрај конвенционалната муниција, можат да истрелаат проектили со тактички нуклеарни боеви глави.

Покрај тоа, модернизираното беспилотно летало ќе го подобри коригирањето на огнот на артилериските батерии опремени со самоодни хаубици „Акација“ и „Мста“.

Беспилотното летало „Орлан“ е производ на руската компанија „Специјален технолошки центар“ (Специальный технологический центр). Неговата основна намена е откривање и наведување на артилерискиот оган по непријателските цели на далечини до 50 км. Тој е составен дел на специјалниот тактички систем за врска „ЕСУ ТЗ“, кој работи врз принципите на мрежноцентричното војување, а кој во реално време ги обединува речиси сите фактори кои учествуваат на бојното поле.

„Орлан“ ја имаше својата борбена премиера во Сирија. Врз основа на практичното искуство, руските дизајнери го модернизираа овој летало опремувајќи го со 12 камери со висока резолуција, што овозможува 3-димензионално мапирање на бојното поле. Покрај овие модификации, специјалистите од оваа компанија, во соработка со колегите од холдингот „Роселектроника“ (Росэлектроника) создадоа и мобилен управувачки пункт, кој овозможува истовремено управување со 3 беспилотни летала „Орлан“ на далечини и до 100 км.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња