Благодарение на флотата воено-транспортни авиони, конкретно на многу респектабилниот авион Ил-76, руската армија има можност за оперативно префрлување на единиците на ВДВ, морнаричката пешадија и оружје каде што е потребно, напомнува американскиот интернет-портал „Национален Интерес“ (The National Interest).
Авторот на овој текст објаснува дека авионите Ил-76 претставуваат основа на руската воено-транспортна флота. Овие авиони се специјално направени за потребите на воздушно-десантните единици. „Овие сили се наменети за молневито влегување во борба веднаш по излегувањето од авионот“, се вели во публикацијата што ја пренесува интернет-порталот „Взгљад“.
Освен жива сила, овој авион има можност за превоз на оклопна борбена техника. Неговата последна модификација Ил-76МД-90А се карактеризира со зајакнат труп и помоќни мотори, така што овој авион сега има можност да превезува потешки десантно-оклопни борбени средства како што е, на пр. БМД-4, се наведува во текстот.
Покрај тоа, овој авион има и сопствено вооружување. Тука се наоѓаат противвоздухопловните топови калибар 23 мм кои служат за непосредна одбрана на авионот од напади од воздух.
Во руската воено-транспортна флота се наоѓаат и летала за транспорт на тешка оклопна техника, како на пр. Ан-124. Овој авион може да понесе товар до 120000 кг, што овозможува транспорт на хеликоптери, авиони, па дури и основни борбени тенкови тешки повеќе десетици тони.
Ил-76МД-90А е длабоко модернизирана верзија на авионот Ил-76. Благодарение на новиот пилотско-навигациски систем, системот за автоматско управување и системот за врска, осигурана е поголема безбедност на летањето, како и прецизноста на движењето на авионот и десантирањето. Последната модификација на добро познатиот транспортен авион се карактеризира со нова опрема, вклучувајќи и „стаклена кабина“, модерни мотори ПС-90A-76, модифицирани крила и зајакнати тркала. Врз основа на моделот Ил-76МД-90A се прави авионот-танкер Ил-78М-90А.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче