Соработниците на националниот парк „Руски Арктик“ на архипелагот Земјата на Франц Јозеф пронајдоа череп на нарвал (еднорог кит), соопшти прес-службата на националниот парк.
Пронајдокот тежи над 15 килограми, а рогот достигнува висина на човек. Соработничка на паркот истакна дека черепот е пронајден во идеална состојба.
Заменик-директорот за научна работа на паркот Иван Мизин рече дека исклучително ретко се случува да се пронајдат остатоци од нарвал и други китови, бидејќи овие животни обично умираат во вода и можат да потонат. Освен тоа, брановите честопати ги исфрлаат труповите на оддалечени делови на копното до кои човекот не доаѓа.
За десетгодишното постоење на паркот, ова е второ големо откритие на остатоци од кит. Во 2013 година научниците пронајдоа рог на нарвал на островот Скот-Келти, кој е дел од архипелагот Земјата на Франц Јозеф. Сепак, примерокот беше многу стар, тоа беа ископани остатоци од ова животно.
Во моментов черепот на арктичкиот еднорог го проучуваат биолози и генетичари. Потоа експонатот ќе биде испратен во музејот на националниот парк „Руски Арктик” во Архангелск.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче