Руското Министерство за одбрана ја демантира веста дека во Сирија е тестиран С-500 „Прометеј“

С-400

С-400

Михаил Мокрушин/Sputnik
Рускиот интернет-портал „Известија“ денеска објави дека според извори од рускиот воено-индустриски комплекс во Сирија биле префрлени елементи на перспективниот ракетен систем С-500 „Прометеј“. Ова подоцна го пренесоа бројни медиуми во земјата и странство. Во прашање е дезинформација, соопштува руското Министерство за одбрана.

Имено, според тие извори, перспективниот ракетен систем за ПВО/ПРО С-500 „Прометеј“ успешно го поминал комплексот тестирања во Сирија.

Меѓутоа, кратко време по оваа вест руското Министерство за одбрана демантираше одделни медиуми, кои наведоа дека елементи на ракетниот систем С-500 „Прометеј“ се испратени во Сирија. „Во Сирија нема никакви тестирања, ниту пак ќе има кога станува збор за овој систем“, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана на РФ. „За такво нешто ќе послужи ракетниот полигон Ашулук, на кој исто така владеат сложени метеоролошки услови кои не се ништо полесни од оние во Сирија“, пренесува интернет-порталот РИА „Новости“.

Ракетниот систем за ПВО/ПРО С-500 „Прометеј“ ќе може да се употреби против широк спектар на воздушни цели, од непријателски беспилотни летала па сѐ до објекти во Земјината орбита, како што се сателитите. Борбениот радиус што го покрива С-500 „Прометеј“ изнесува 600 км. Овој систем е способен истовремено да нападне и до десет балистички објекти што се движат со суперсонични, како и со хиперсонични брзини (>7000 м/сек).

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња