Руската ракета Х-101 што „сееше страв“ меѓу терористите од Рака и Акербат е без пандан во светот

Крстосувачката „стелтна“ ракета Х-101 при опремување на стратешки бомбардер Ту-160

Скриншот
Се работи за ракета која, покрај конвенционална боева глава, може да носи и термонуклеарна глава од 0,25-1,0 мегатони. Модифицираните верзии на оваа ракета се засилени со школка која има стелтни карактеристики, како и моќни противелектронски системи. Постојат индиции дека Х-101/102 има потенцијал да прелета 10000 километри. Ефективниот дострел на оваа ракета е недостижен за нашата конкуренција, рече генералниот секретар на корпорацијата „Тактичко ракетно вооружување“ Борис Обносов.

Тој напомена дека во Русија „ постојат капацитети што можат значително да ги зголемат тактичко-техничките карактеристики на ракетите“ што им дава „можност да прелетаат долги растојанија“, напомнува интернет портал Военно-промышленный курьер. Според Борис Обносов, технолошката база со која располага руската воена индустрија може да служи за гордост на оваа држава.

Првиот човек на корпорацијата „Тактичко ракетно вооружување“ го коментираше излегувањето на САД од Договорот за ликвидација на ракетите со среден и краток дострел. Тој по тој повод рече дека не треба да се оди во крајности кои би довеле до нова трка во вооружувањето, пренесува интернет-порталот „Взгљад“.

Претходно претседателот на Руската Федерација Владимир Путин рече дека сите закани во врска со излегувањето на САД од Договорот за ликвидација на ракетите со среден и краток дострел со сигурност ќе бидат елиминирани со проектилите со воздушно базирање Х-101 и „Кинжал“, потоа со ракетите со морско базирање „Калибар“ и перспективниот мултиплатформски хиперсоничен ракетен комплекс со голем дострел „Циркон“.

Што се однесува до ракетата Х-101, таа според зборовите на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу беше успешно применета за време на противтерористичката операција во Сирија. „По критично важните непријателски објекти применивме високопрецизни ракети со голем дострел а „Калибар“ и Х-101, „Искандер“, „Точка-У“ и Х-55“, рече министерот.

Така, во февруари 2017 година од платформите на стратешките бомбардери Т-95МС кои полетаа од длабочините на руската територија беше извршен успешен удар со крстосувачки ракети Х-101 по цели на „Исламската држава“ на подрачјето на градот Рака. Во таа прилика ракетите целосно ги уништија своите цели кои беа главни пунктови за прием и обука на терористи, вклучувајќи и еден команден пункт за координација на терористичките сили.

Во јули истата година бомбардери Ту-95МС извршија уште еден удар со ракети Х-101 врз позициите на терористите лоцирани на границата на сириските провинции Хама и Хомс. Во таа прилика беа погодени и уништени три големи магацини за оружје и муниција, како и еден команден пункт на подрачјето на градот Акербат.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња