МиГ-17 е авион-ловец способен да лета со брзини блиски до брзината на звукот. Се произведуваше во СССР од 1952 година. Беше правен во различни варијанти и се користеше во воените воздухопловства на многу земји.
APОвие авиони долго време беа основа на воените воздухопловства во четириесетина држави. Беа применувани во многубројни воени конфликти.
Со „седумнаесетка“ виетнамската авијација го собори првиот американски авион F-105 Thunderchief во април 1965 година, а потоа со помош на овој модел се водени борби против америкнските авиони F-4 Phantom II и A-4 Skyhawk.
Овие советски ловци интензивно војуваа и на небото на Блискиот Исток. Уште во 1956 година Египќаните ги применија во вистинска војна.
Во текот на 1960-тите, МиГ-17 се користеше за ударни задачи, т.е. за бомбардирање на цели на копно со ненаведувани ракети. Во тоа својство беа применети во Октомвриската војна 1973 година.
Авионите МиГ-17 учествуваа и во воените конфликти на африканскиот континент, на пример, во Нигерија. Ниту војната во Авганистан не помина без нив. Во тоа време, авганистанските пилоти ги користеа како јуришни авиони.
Советската армија со помош на овие ловци собори неколку авиони кои го повредија воздушниот простор на СССР. „Седумнаесетките“ уште на почетокот на 1980-те беа користени во центрите за обука на пилоти на Доброволечкото друштво за соработка со копнената армија, авијацијата и морнарицата (ДОСААФ).
Сега таквите авиони се дел од приватните колекции и токму тие учествуваат на аеромитинзите како овој во САД.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче