Турците заинтересирани за набавка на руски хеликоптери Ми-38, Ка-62 и АНСАТ

Ка-62

Ка-62

Слободан Ѓукиќ
Холдингот „Хеликоптери на Русија“ очекува пораст на интересот за руските хеликоптери кога е во прашање Турција. Ова првенствено се однесува на моделот Ми-38 во кој седеше претседателот на оваа држава Реџеп Таип Ердоган при посетат на Меѓународниот авиокосмички саем МАКС-2019, забележува Андреј Богински, генерален директор на рускиот холдинг.

„Ми-38. Се разбира дека постои перспектива. Ние претставивме модел на летало со салонска внатрешност која се карактеризира со висок степен на комфор. Хеликоптерот исто така е дизајниран да го користат претседатели на држави. Тоа е многу сигурно и пространо летало. Споредено со хеликоптерот Ми-8, новата 38-ка е подолга за 1,68 метри и потешка цели 3 тони при полетување. Турскиот претседател престојуваше во хеликоптерот скоро 7 минути, каде со големо внимание ги сослуша неговите главни технички перформанси, карактеристиките на масата и големината, максималниот долет, брзината. Накратко, претседателот Ердоган беше многу заинтересиран за ова летало“, ги пренесува интернет-порталот РИА „Новости“ зборовите на првиот човек на холдингот „Хеликоптери на Русија“.

Тој додаде дека сè уште не може да се зборува за дефинитивно купување на овој хеликоптер од страна на турскиот купувач, додавајќи дека „сѐ уште е прерано за такво нешто“, рече Богински.

Првиот човек на холдингот истакна дека претседателите на двете држави го посетиле и изложбениот штанд каде што се наоѓал хеликоптерот Ка-62, каде разговарале со неговиот пилот. „Судејќи според моето искуство, и ова летало остави позитивен впечаток“, рече Андреј Богински, пренесува интернет-порталот „Взгљад“.

На 27 август оваа година претседателите на Русија и Турција го посетија изложбениот простор на компанијата КРЭТ, која со своите производи учествуваше на Меѓународниот авиокосмички саем МАКС-2019 година. Во таа прилика турската страна изрази интерес за хеликоптерот АНСАТ.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња