Во подготовка е производството на новиот хеликоптер Ми-171А3 за работа во епиконтиненталниот појас, соопшти за РИА „Новости“ Леонид Белих, извршен директор на „Улан-Уденскиот завод за производство на авиони“ (У-УАЗ, дел од „Хеликоптери на Русија”).
„Подготвуваме производство на оф-шор варијанта на хеликоптерот Ми-171А2. Тоа е хеликоптерот Ми-171А3 кој ќе одговара на сите потреби за работа во епиконтиненталниот појас“, рече Белих.
Според него, ваквото летало претходно не било потребно, бидејќи нафтата се добиваше главно на копно, а сега стана неопходно.
Ми-171А3 е сеопфатна модификација на повеќенаменскиот хеликоптер Ми-171А2. Наменет е за работа во епиконтиненталниот појас (продолжен дел на копното под површината на плиткото море). Деталните карактеристики на новиот хеликоптер сè уште не се објавени.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче