Основната опрема е веќе поставена на овој брод. Извршени се работите за монтажа на системот за обезбедување и управување, соопшти информативната служба на Средно-Невскиот бродоградежен завод кој е составен дел од Обединетата бродоградежна корпорација. При тестирањето неговата посада ќе ги пушти во работа и ќе ги провери основните бродски системи за општа намена, како и системот за генерирање на електрична енергија.
По оваа фаза на тестирање, посадата на овој брод со помош на тегнач ќе ја започне фазата на фабричкото, а ако сѐ биде во ред, и со завршното државно тестирање, пренесува рускиот интернет-портал РГ.
Треба да се потенцира дека при изградбата на овој миноловец се применети технологии кои немаат никакви сличности во светот. Имено, трупот на овој брод во голема мера е направен со помош на монолитна стаклопластика, што се добива со метод на вакуумска инфузија. Таа е значително полесна и поцврста од металот. Овој брод нема да знае што е тоа корозија.
Основната намена на бродовите од класата 12700 е борба против современите видови противбродски мини кои можат да се најдат во водата или на морското дно. Неговиот вкупен депласман е 890 тони, бродот е долг 62 метри, а широк десет метри. Максималната брзина е околу 16 јазли. Екипажот се состои од 44 морнари.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче