Ердоган му се пожали на Путин на теснотија во руско-кинескиот авион

Reuters
Лидерите на Русија и Турција Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган на аерокосмичкиот саем МАКС-2019 погледнаа една од варијантите на внатрешноста на руско-кинескиот авион CR929, меѓутоа турскиот претседател не беше импресиониран. Му се стори дека патничкиот дел на авионот е премногу тесен.

Широкотрупниот патнички авион CR929 е претставен на саемот на воздухопловство во Жуковски кај Москва речиси комплетно опремен. Ердоган беше задоволен од комфорот во првата класа, но го критикуваше распоредот на седиштата во економската класа на авионот, пренесува „Интерфакс”.

„Ми се чини дека во економската класа е премногу тесно”, му се пожали турскиот лидер на Путин откако го проба патничкото седиште во тој дел на авионот.

Претседателот на Русија одговори дека патничкиот дел од авионот е направен врз основа на нарачката на авиокомпанијата.

„Ако летовите се подолги, се остава повеќе простор помеѓу седиштата, а ако компанијата планира да превезува луѓе на помали растојанија, тогаш растојанието е помало“, рече Путин.

Прочитајте повеќе: Путин и Ердоган одблиску го разгледаа авионот-ловец Су-57 на аеромитингот МАКС-2019

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња