Корпорацијата „Тактичко ракетно вооружување“ започна со развој на суперлесни ракети-носачи

Руска тешка балистичка ракета Р-36М2 „Војвода“, на Запад позната под називот „Сатана“. Од слободни извори.

Се работи за ракети кои имаат стартна маса од 10 тони и кои можат на ниската Земјина орбита да достават товар со маса до 200 кг.

Конструкторите на воено-истражувачката корпорација „НПО машиноградба“ („НПО машиностроения“) ја разгледуваат можноста за развoј на суперлесни ракети-носачи. Ова за интернет-порталот ТАСС во понеделникот го изјави Александар Леонов, генерален директор и главен конструктор на „НПО машиноградба“ (Составен дел на Корпорацијата „Тактическое ракетное вооружение“) пред отворањето на Меѓународниот авиокосмички саем МАКС-2019.

„Можам само да ви кажам дека разгледуваме проект за развој на суперлесни ракети-носачи“, рече Леонов.

Суперлесните ракети-носачи ќе имаат маса од 10 тони и способност да достават на ниската Земјина орбита товар со маса до 200 кг.

Неодамна оваа компанија ја реализираше програмата „Прагматичен космос“, во рамките на која беше развиена, а потоа и воведена во експлоатација ракетата-носач од лесна класа „Стрела“. Оваа ракета е направена врз база на интерконтиненталната балистичка ракета УР-100Н УТТХ (НАТО SS-19 Стилет). Инаку, ракетата „Стилет“ ќе биде еден од носителите на перспективниот хиперсоничен комплекс за стратешка наменеа „Авангард“.

Таа беше воведена во вооружувањето уште во 1980 година. Нејзиното сериско производство траеше до 1985 година. Вкупно 360 ракети беа на борбена дежурство. Силосниот ракетен систем се состоеше од 10 интерконтинентални балистички ракети 15А35, како и унифициран команден пункт со висок степен на заштита од удар. Стартната маса на ракетата е 105,6 тони, а максималниот дострел 10000 километри.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња