„Единиците кои се наоѓаат во рамките на Јужниот воен округ, под раководство на командантот на ЈВО генерал-полковник Александар Дворников, започнаа голема интервидовска командно-штапска вежба во која учествуваат единици на 8, 49 и 58 комбинирана армија, единици на военото воздухопловство и противвоздухопловната одбрана, како и поморските борбени ефективи на Црноморската и Касписката флота“, го пренесува интернет-порталот РИА „Новости“ соопштението на информативната служба на ЈВО.
Вежбата ќе се реализира на 12 воени полигони кои се наоѓаат во зоната на одговорност на Јужниот воен округ, а предвидено е во неа да учествуваат до 8200 војници, со околу 2500 единици воена техника, од кои 30 авиони и повеќе од 60 хеликоптери, над 100 тенкови, како и бродови на Црноморската и Касписката флота, пренесува интернет-порталот „Взгљад“.
Основната цел на оваа вежба е проверка на борбената способност и содејството на интервидовските борбении групи кои ги бранат јужните граници на Руската Федерација.
Пред еден месец, исто така на просторот на Јужниот воен округ (ЈВО) беше завршена голема вежба од сличен формат, во која учествуваа војници на две комбинирани армии.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче