Морнарите на Црноморската флота во близина на градот Севастопол спроведоа вежба за подготовка на борбените бродови за изведување мисии на отворено море, а вежбаа и елементи на спасувачки операции при помош на оштетени бродови. Десетина борбени и помошни бродови на Црноморската флота беа ангажирани во вежбата, како и поморската авијација, пренесува интернет-порталот РГ.
Патролниот брод „Дмитри Рогачев“ е првиот сериски брод од класата 22160, кој е изграден во Зеленодолскиот бродоградежен завод во Татарстан и предаден на единиците на Црноморската флота за употреба во јуни годинава. Овој брод е базиран во воено-поморската база во градот Новоросијск. Станува збор за модуларна пловечка конструкција наменета за обезбедување на територијалните води во подалечната морска зона, на далечини до 200 наутички милји од брегот. Неговата повеќенаменска функција овозможува решавање на цел пакет задачи што можат да се појават на море, од борба против пирати до спасувачки операции.
Специальные учения Черноморского флота. Фото Минобороны РФ. pic.twitter.com/miOr2IOHZW
— Ivan O'Gilvi (@o_gilvi) August 20, 2019
Бродот е долг 94 метри и широк 17 метри. Корпусот навлегува во 3,7 метри. Трупот на бродот е заштитен со оклоп кој е отпорен на стрелечко оружје. Вкупниот депласман на бродот е 1500 тони. Патролен брод од оваа класа е придвижуван од два 4- тактни турбокомпресорски дизел мотори со поединечна сила од 6000 КС (вкупно 12000 КС) плус четири електрични агрегати кои користат дизел со вкупна моќност од 300 киловати. Исто така, има и помошен мотор во случај на тотално откажување или дефект на главниот погонски блок, со сила од 100 киловати. Овие мотори му обезбедуваат на бродот максимална брзина на пловидба до 27 јазли. Капацитетот на резервоарот за гориво му овозможува да помине далечина од 6000 наутички милји при економична брзина на движење од 16 јазли. Бродот на отворено море може да остане до 60 дена. Има 80 членови на екипажот (20 лица + 80 членови на дополнителниот персонал).
Радарската станица интегрирана во оваа класа бродови е „Позитив-МК“ со ефикасен опсег до 300 км, која исто така може да наведува и ракети кон откриените цели, што значи дека овој брод ќе има помоќно вооружување од основното.
Неговото основно вооружување се состои од артилерискиот модул 1 × 76 мм АУ АК-176МА и осум противвоздухопловни ракети со краток дострел „Игла“. Исто така, има и неколку митралези. Меѓутоа, поради модуларноста на самата конструкција, тој на својата палуба може да носи хеликоптер со маса до 12 тони (Ка-27, Ка-29, Ка-52К) или 2-4 беспилотни летала, како и крстосувачи ракети „Калибар“ со дострел од неколку илјади километри кои се наоѓаат во универзални ракетни лансери кои можат да се вклопат во неговиот труп.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче