„Национален Интерес“ го анализира развојот на руската воена морнарица

Сервер Амзаев/Russian Look/Global Look Press
Воената морнарица на Русија брзо се развива, особено кога станува збор за малите бродови кои имаат сериозна огнена моќ.

Како пример за правецот во кој се развива руската морнарица весникот „Национален Интерес“ (NI) го наведува малиот ракетен брод „Смерч“ вооружен со артилерски орудија со калибар 30 и 76 милиметри, батерии со помали ракети од класата „земја-воздух“ и противбродски ракети „Уран“.

Весникот истакнува дека „Смерч“ е една од 150 корвети, патролни чамци и помали миноловци на руската морнарица со депласман од неколку стотици или илјади тони. Покрај тоа, руската воена морнарица има помалку од триесет големи океански фрегати, разурнувачи и крстосувачи. Од друга страна, воена морнарица на САД има дваесетина мали пловила и преку стотина големи.

„Американската и руската флота се двеспротивности и секоја е одраз на стратегијата, историјата, индустријата и географијата на својата земја“, се вели во публикацијата.

Американската флота има поддршка од моќната високотехнолошка индустрија и претпочита големи бродови кои поминуваат големи растојанија и служат на интервенционистичката надворешна политика. Руската флота се потпира на застарени бродоградилишта кои со сигурност можат да произведуваат само помали бродови, пишуваат авторите на статијата.

NI потсетува дека во април 2019 година е донесена одлука да се демонтира, а не да се реконструираат два крстосувачи од класата „Киров“ од ерата на Студената војна и додава дека Москва разгледувала повлекување од експлоатацијата и рециклирање на својот единствени носач „Адмирал Кузнецов“ за да не го плаќа неговото техничко одржување и модернизацијата. Во октомври 2018 година случајно потона единствениот док на северот на Русија до кој овој брод можеше да се закотви. Кон средината на 2019 година Кремљ најави дека ќе биде направен обид за санирање на тој док, пишува американското списание.

Како што се истакнува, новите руски бродови се претежно ракетни корвети чиј депласман не е поголем од 5000 тони вода, додека депласманот на американскиот разурнувач изнесува 9000 тони.

Воената морнарица на Русија во 2018 година доби само четири нови воени бродови, сите корвети. Иако се во прашање мали бродови, тие имаат сериозна огнена моќ, потенцира NI и потсетува дека пред неколку години од бродови од таков тип од Каспиското море беа истрелани ракетите „Калибар“ врз позициите на терористите во Сирија, при што нападот беше извршен од руски територијални води.

Американското списание заклучува дека во оваа трансформација руската морнарица според повеќето показатели заостанува зад американската и кинеската морнарица. Според процените на Пентагон, во 2019 година руската флота брои 360 бродови, а кинеската 624 пловила.

Американската флота има само 333 воени бродови, но тие во просек се далеку поголеми од кинеските и руските бродови. Вкупниот депласман на американската флота е 4,6 милиони тони, на кинеската 1,8 Кина, а на руската само 1,2 милиони тони.

Во статијата не се споменува подводната флота на руската воена морнарица.

„Национален Интерес“ резимира дека Русија го компензира повлекувањето на големите бродови од експлоатација со бродови со помал депласман, како со нови, така и со модернизирани, а тоа е одраз на тенденцијата од она што „некогаш беше голема глобална сила да се направи нов вид регионална сила“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња