Су-34 прикажа извонредна борбена ефективност во Сирија
Слободан ЃукиќРуската воздухопловна група стационирана на аеродромот „Хмејмим“ спроведува последниве денови (особено во периодот 8-10 август) поширока операција за бомбардирање на терористичките позиции на ХТШ (Хајат Тахрир ал-Шам). Според бројот на видеа објавени од руското Министерство за одбрана, би се рекло дека како никогаш досега ВКС (Воздушно-космичките сили) не употребиле повеќе високопрецизни убојни средства од класата „воздух-земја“ во една борбена операција“.
Притоа се уништени голем број утврдени командни пунктови и огнени позиции, што имаше пресудно влијание врз темпото на нападите на сириската армија. Терористичките загуби во жива сила се мерат во стотици загинати¹, додека нивната техника (оклопни средства и возила за поддршка) е целосно уништена.
Во оваа операција посебна улога играат повеќенаменските авиони-ловци од генерацијата 4 ++ Су-35 и тактичките бомбардери Су-34. Исто така, ангажиран е и голем број извидувачки летала кои со нивните моќни оптоелектронски уреди непрекинато го надгледуваат теренот, вклучувајќи и поддршка од вселената (сателити).
На северот на провинцијата Хама сириската армија во последно време има сѐ повеќе успеси во борбата против терористичките сили собрани околу исламистичката група „Хајат Тахрир ал-Шам“. Како што пренесува интернет-порталот „Бог-рата“, командата на сириската армија презела операција за опколување на поголема групација терористи, собрана на потегот Кафр Зита-Латамина-Морек.
Терористите во своите дејствија сè повеќе користат тнр. џихад-мобили со кои управуваат самоубијци со цел да се подигне разнишаниот морал и да се врати борбената иницијатива во свои раце. Сепак, сето тоа останува без успех.
Офанзивата засега се одвива на два одвоени правци. Левокрилната борбена група на сириската армија го нанесува главниот удар на правецот Кафр Набуда-Хан Шејхун, додека десното крило напаѓа на правецот на нп. Атсан-ридски појас Казанат-Хан Шејхун. Гратчето Хан Шејхун е централна точка на операцијата, бидејќи со негово заземање би дошло до спојување на двете крила на сириската армија и затворање на обрачот околу терористите кои би се затекнале на просторот Кафр Зита-Латамина-Морек.
Сириската армија има иницијатива на двата правци и претпазливо напредува поради големиот број мини кои терористите ги посеале на ова подрачје. Треба да се истакне дека операцијата се изведува деноноќно. Забележлив е напредок во сириската армија во однос на техничките новитети. Сѐ повеќе и повеќе единици користат прибор за ноќно гледање, како и тактички извидувачки беспилотни летала. Предните делови на САА вчера избија на само 3-5 км од центарот на Хан Шејхун.
¹ На главните правци на нападот ликвидирани се голем број офицери на ХТШ како и нивните клучни пунктови за врска и снабдување. Со прецизните удари на ВКС терористичките единици во голема мерка се обезглавени и под притисок на копнените единици на сириската армија се повлекуваат кон градот Хан-Шејхун.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче