Ракетен ПВО-систем со среден дострел 9К317М „Бук-М3“
Слободан ЃукиќРускиот систем за противвоздухопловна одбрана 9К317Э „Викинг“ претставува извозна верзија на ракетниот систем „Бук-М3“ што неодамна беше претставен пред пошироката публика. Тој е еден од најновите производи на руската воена индустрија и со самото тоа спаѓа во категоријата на најдобрите системи за ПВО што моментно се произведуваат во светот.
Меѓутоа, и покрај навистина одличните карактеристики на овој систем, неговите конструктори не стојат во место, туку постојано го надградуваат секогаш кога е можно. Така, на Меѓународниот воено-технички саем „Армија-2019“ беше претставена ракетната единица 9А383Э. Таа е наменета за транспорт и лансирање на противвоздухопловни ракети 9М83МЭ кои се користат на ракетните системи со долг дострел С-300В, пренесува интернет-порталот „Бог-рата“.
Лансирната единица е направена на унифицирана гасенична шасија која е слична со останатите елементи на кои се базира системот „Бук-М3/Викинг“. Според руските медиуми, благодарение на проширувањето на ракетниот арсенал со новата ракета 9М83МЭ, ефективниот дострел на системот во борба против аеродинамични цели (авиони на стратешка и тактичка авијација, беспилотни летала, хеликоптери и сл.) е зголемен на респектабилни 100 километри, со зона на уништување во висина која достигнува 30 км. Балистички цели може да пресретнува на далечини до 40 км и висина до 25 км.
При гаѓање на зафатената цел, симултано се лансираат две ракети, со што се обезбедува гарантирано уништување. Нивниот старт е сличен како и кај системот С-300, каде ракетата се лансира вертикално од контејнерот.
На лансирна единица 9А383Э може да се сместат до четири ракети 9М83МЭ. Скратена е и подготовката на ракетата за лансирање на 7,5 секунди, додека интервалот меѓу лансирањето на две ракети е 1,5 секунди. Вкупната тежина на лансирната единица на која се наоѓаат четири ракети 9М83МЭ достигнува 50 тони. Максималната брзина на движење е 60 км/ч, а возилото со полн резервоар може помине растојание до 500 км. Екипажот се состои од 2 војника.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче