Воениот брод „Советски Сојуз“ снимен во јуни 1942 година од германски извидувачки авиони.
Public domainСоветското раководство уште во текот на триесеттите години од минатиот век планирало да направи моќна океанска флота со цел да се избалансира моќта на тогашните водечки светски сили на морето. Поради тоа најголемо внимание е посветено на создавањето воени бродови од проектот 23 „Советски Сојуз“.
Тие требало да бидат најголеми и најмоќни воени бродови кон средината на триесеттите години од минатиот век, долги 270, а широки 38 метри, со депласман од 65.000 тони. Секој брод требало да има мотор од 200.000 коњски сили, со што би развивал брзина од 29 јазли (околу 50 километри на час). Екипажот би бил составен од околу 1.300 морнари и морнарички офицери.
Главното оружје би биле артилериски оружја со калибар од 406 милиметри кои користат проектили тешки 1.105 килограми со дострел од 46 километри.
Воените бродови би имале дебел оклоп, кој на определени места би бил широк и над четири метри, и би можел да издржи експлозија еднаква на силата на експлозија од 750 килограми тротил.
Бродоградилиштето „Орџоникиѕе“ во Ленинград каде биле правени воените бродови „Советски Сојуз“ и „Чкалов“ снимено на 26 јуни 1941 година од германски извидувачки авион.
Public domainНо, избила Втората светска војна, па советското раководство било принудено да ги промени плановите поврзани со изградбата на овие џинови зашто во тој момент на фронтот бил потребен поинаков вид вооружување. Ниту еден брод не е завршен, а постоечката конструкција е демонтирана и искористена за одбрана на Ленинград.
Кога војната била завршена, советската економија немала доволно пари за толку амбициозен потфат. Со текот на времето проектилите застареле, па било решено земјата да се сврти кон современо вооружување, како што се носачите на авиони.
Советска нуклеарна подморница од типот „Ајкула“
Public domainНуклеарните подморници од проектот 717 се замислени како први советски десантни подводни чудовишта, предвидени за незабележливо излегување на маринците заедно со оклопната техника на непријателскиот брег.
Проектот бил започнат во 1971 година. Било замислено секоја подморница да може да носи 20 тенкови и лесни оклопни возила.
Освен тоа, секоја од нив во својот арсенал би имала 252 морски мини, шест торпедни лансери и две артилериски оружја со калибар од 30 милиметри.
„Но, овие подморници не се направени зашто кон средината на седумдесеттите години од минатиот век Москва морала итно да се сврти кон создавање на нуклеарни подморници вооружени со интерконтинентални балистички ракети за да обезбеди паритет на силите со САД, својот главен ривал во Студената војна. Поради тоа советската власт се откажала од проектот за овие десантни подморници и започнала да работи на нови видови подморници“, вели за порталот Russia Beyond професорот на Академијата за воени науки Вадим Козјулин.
Скица на носач на авиони од проектот 1143.
Public domainНосачите на авиони од проектот 1143.7 би им биле конкуренција на најголемите американски носачи. Би можеле да носат 70 млазни авиони, бомбардери и хеликоптери. Тоа би била комплетна пловечка воздухопловна база.
Хеликоптерот Ка-27ПС пролетува во близина на палубата на американскиот десантен брод УСС Бел Вуд (не се гледа), подготвувајќи се да слета за време на маневарот „Соработка на море ‘96“ во близина на брегот на Владивосток, Русија. Тоа беше првото спуштање на руски хеликоптер на американски воен брод
Public domainСекој брод од проектот 1143.7 би имал депласман од 80.000 тони (за споредба, американскиот носач на авиони од класата Нимиц има депласман од 90.000 тони). Секој би бил долг речиси 325 метри и широк речиси 70 метри.
Ваквите бродови би можеле да минат четири месеци на отворено море без наминување во пристаниште, а би ги носеле тогаш најновите авиони Су-33, хеликоптерите Ка-27 и набљудувачките авиони Јак-44. Планирано е дури и да бидат вооружени со противбродски ракети „Гранит“ со кои овие пловечки воздухопловни бази би се бранеле од непријателот на отворено море.
Тежок крстосувач и носач на авиони „Киев“, 1985.
Public domainНо, Советскиот Сојуз се распадна во 1991 година, така што Москва имаше други проблеми на кои итно мораше да им се посвети во новата фаза од историјата. Така новите проекти за носачи на авиони беа запоставени, а веќе направените бродски конструкции беа демонтирани во 1992 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче