Како што пренесува Интернет-порталот „Известија“, руското Министерство за одбрана го нарачало првиот контингент модернизирани повеќенаменски борбени авиони Су30СМ1 (некаде се споменува и ознаката Су-30СМД – заб. прев.). Овие авиони се модернизирани врз основа на искуствата од борбената експлоатација на авионот Су-30СМ на просторот на Сирија, пренесува Интернет-порталот Взгљад, а руските медиуми веќе го нарекоа „Супер Сухој“.
„Супер Сухој“ е опремен со посилни мотори АЛ-41Ф-1С кои инаку се наоѓаат на ловците од генерацијата 4++ Су-35. Овој мотор има посилен потисок од својот претходник, како и управливи млазници со чија помош авионот може да изведува исклучително сложени летни маневри. На пример, тој може да лебди во воздухот и да оствари брзина како хеликоптер. Покрај тоа „Супер Сухој“ ќе биде и многу поекономичен. Моторот АЛ-41Ф-1С има четири пати подолг употребен ресурс, а троши помалку гориво. Уште една новина е и интеграцијата на силна работа со фазна антенска решетка Но35 „Ирбис“. Овој радар се наоѓа на самиот светски врв кога станува збор за далечината на детекцијата на противникот, пренесува порталот Бог-рата.
Су-30СМ1 исто така ќе добие и нови борбени средства како што се високопрецизните авионски бомби КАБ-250 и крстосувачки ракети од класата „воздух-земја“ Х-59МК2.
КАБ-250 е специјално развиена за рускиот авион од петтата генерација Су-57, и е прилагодена за носење во внатрешните борбени магацини. Но, без оглед на својот изглед кој е прилагоден на барањата, оваа бомба можат да ја носат и други авиони чии подвесни точки се наоѓаат главно однадвор, на крилата или под трипот на авионот. Таков ќе биде случајот и со најновата модернизирана варијанта Су-30СМ1.
Бомбата е конструирана врз основа на класичната аеродинамична шема. За зголемување на нејзиниот оперативен дострел за време на отпуштањето од авионската платформа, но и за нејзините маневарски способности, доградени се аеродинамични крила. Основниот императив за време на нејзината конструкција беше да се обезбеди висока точност на погодувањето (отстапувањето од целта не е поголема од 5 метри) во услови каде авионот не влегува во зоната на непосредно дејствие на противничката ПВО. За да се постигне ваква прецизност, руските конструктори применија систем на комбинирано наведување на авионската бомба, која во почетниот и во средниот дел од својата патека се наведува по пат на инерцијално-сателитска апаратура, а во завршниот дел од летот (на некои 2-3 километри од целта) наведувањето го презема термовизиската глава за самонаведување која со корелациски алгоритам за обработка на информации, автоматски ја селектира и ја следи целта, паѓајќи на неа со „снајперска“ прецизност. Исто така, кога е опремена со ласерска глава, бомбата може да се наведува по пат на ласерски сноп кој може да се емитува од воздух или од копно (пешадија со копнен ласерски обележувач на целта). Примената на термовизиска глава за самонаведување обезбедува висока отпорност на бомбата на електронско попречување од страна на противникот (напомена: за време на силно електронско попречување доаѓа до опструкција и до пукање на каналот кој сателитски ја наведува бомбата кон целта. Тогаш на сцена стапува инерцијалното наведување кое ја доведува бомбата во реонот на целта точно толку за да ја зафати термовизиската глава за самонаведување која потоа го презема управувањето со бомбата до ударот во целта). Бомбата е тешка 250 килограми од кои на експлозивни полнење отпаѓаат 50% од вкупната нејзина тежина. Опремена е со шрапнелно-разурнувачки тип боева глава.
Ракетата од класата воздух-земја Х-59МК2 е всушност радикално модернизирана концепција на противбродската ракета Х-59МК „Овод-МК“. Оваа ракета е наменета за уништување неподвижни копнени цели, како што се поголеми објекти и инфраструктура на непријателот. Опремена е со различни типови системи со управување, како што е инерцијален систем за наведување со кој е интегриран електро-оптички блок и систем за сателитска навигација ГЛОНАСС. Кај неа во целост е применет принципот „испукај и заборави“. Станува збор за ракета со исклучително висока прецизност и разорна моќ. На максималниот дострел кој е проектиран на 300 километри, оваа ракета има отстапување од целта само 2-5 метри, што е сосема неважно ако се знае дека носи боева глава набиена со дури 350 килограми високобризантен експлозив. За време на своето крстосување ракетата користи исклучително низок профил на летот, така што претставува тешко забележлива цел за непријателските радари. Всушност, и самата технологија на нејзината изработка е заснована на принципи кои дополнително ја намалуваат нејзината радарска рефлексија. Покрај пробојно-разурнувачката боева глава Х-59МК2 може да биде опремена и со касетна боева глава за уништување на поголем збир непријателска жива сила и оклопна техника. Накусо, станува збор за исклучително софистициран проектил кој може од лицето на земјата за збрише голем број различни земски цели, без оглед на нивната големина и на степенот на заштита.
Првите модернизирани авиони во единиците на ВКС се очекуваат до крајот на следната година, кога ќе започне нивното масовно производство и воведувањето во воздухопловните единици. Паралелно сите оперативни авиони Х-59МК кои моментално се наоѓаат во експлоатација ќе бидат доведени до новиот стандард.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче