Супериорните ловци Су-30СМ(Д) ќе ги штитат Москва и Санкт Петербург

Интернет-портал „Бог-рата“ (mars.online)
Првиот контингент модернизирани ловци Су-30СМ опремени со нови мотори ќе биде испратен во состав на воздухопловниот полк што се наоѓа во близина на Твер. Испораката на авионите е планирана за 2021 година, соопшти информативната служба на Западниот воен округ.

Неодамна се дозна дека ОКБ „Сухој“ заедно со корпорацијата „Иркут“ ќе направат нова верзија на ловецот Су-30 (според некои извори, овој авион ја носи ознаката Су-30СМД), пренесува интернет-порталот „Бог-рата“.

Овој ловечки авион ќе добие нова погонска група што ќе се состои од моќните мотори АЛ-41Ф-1С, кои сериски се вградуваат во ловците од генерацијата 4++ Су-35, како и во првите примероци на ловецот од петтата генерација Су-57 додека во целост не се заврши развојот на новиот мотор од „втората етапа“. Подобрените перформанси на моторот се постигнати за сметка на новиот компресор со зголемен степен на корисно дејство и благодарение на поефикасниот систем за ладење на лопатките на турбината.

Ловечкиот воздухопловен полк, стациониран на аеродромот Хотилово во Тверската област, е дел од Ленинградската армија за ВВ и ПВО. На крајот на јули, првата ескадрила на полкот беше целосно опремена со ловци Су-30СМ. Втората ескадрила е вооружена со ловци Су-27, пренесува интернет-порталот РГ.

Високотемпературниот двопроточен турбо-млазен мотор АЛ-41Ф отпрвин беше проектирван за МиГ-1.44, кој уште за време на СССР беше сметан за прв авион од петтата генерација. По колапсот на СССР, а со самото тоа и на овој проект, новиот мотор развиен за овој авион ги имаше сите карактеристики на мотор за 21 век. Беше лесен, економичен по тежина, му дозволуваше на авионот да достигне суперсонична брзина на крстарење без моторот да влезе во режимот на дополнително согорување „форсаж“.

Су-30СМ е авион со извонредни летечко-тактички карактеристики. Неговата главна задача е остварување апсолутна воздушна доминација над поширокиот простор каде што се одвива битката. Главниот фокус се ловците на противникот и бомбардерите, но може да се употреби користат и за гаѓање цели на земја. Постојат информации дека заедно со моторите ќе биде унапреден и сегментот на офанзивно-навигацискиот комплекс на авионот, со помош на кои руските конструктори сакаат да ги подобрат неговите „бомбардерски“ карактеристики и да ги изедначат со неговите способности кога станува збор за борба во воздух. Во овој поглед, може да се очекува интеграција на дополнителен пакет софистицирана опрема за откривање и гаѓање цели на земја, што ќе овозможи проширување на списокот на убојни средства од класата „воздух-земја“ кои може да се најдат во неговото вооружување. Според воените експерти, најверојатно се конципира варијанта која ќе може да применува високопрецизна муниција, како на пример „наведувани воздухопловни бомби КАБ-250 и ракети од класата „воздух-земја“ Х-59МК2.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња