Во Петербург одржана главната военопоморска парада (ВИДЕО)

Максим Константинов/Global Look Press
Во Санкт Петербург одржана парада по повод прославата на 323 годишнина од основањето на Воената морнарица на Русија.

На главната военопоморска парада присуствуваше врховниот командант на Вооружените сили на Русија Владимир Путин, кому министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу му поднесе рапорт за почетокот на парадата. Во говорот пред почетокот на парадата, рускиот лидер нагласи дека Русија, како силна суверена држава, ќе ја развива флотата која ќе биде единствена според своите можности.

Тој воедно истакна дека Воената морнарица на Русија е една од првите што користи најнова технологија, работи на перспективни решенија и ја осигурува безбедноста на земјата и нејзините национални интереси, и дека како таква е кадра „да даде соодветен отпор на секој агресор“.

Како што соопшти рускиот претседател, оваа година руската главната воена морнарица ќе добие 15 бродови и борбени чамци, додека истовремено се обновуваат и крајбрежните трупи и морнаричката авијација, како и инфраструктурата на военопоморските бази, а обновена е и практиката на пловидба околу светот.

Шефот на руската држава укажа и на хероизмот и професионализмот на морнарите и им се заблагодари на припадниците на флотата.

„Татковината секогаш ги паметела и ги памети подвизите на руските морнари. <...> Сега се обраќам на секој екипажот, на сите припадници на Воената морнарица на Русија: Ви благодарам, морнари и старешини, заставници, виши офицери и адмирали, затоа што непоколебливо се држите до нашите херојски традиции и обичаи на воената морнарица, затоа што сте единствени и цврсти, за вашиот силен морнарски карактер, за храброста, одважноста и јунаштвото“.

Во главниот дел на парадата по реката Нева поминаа 43 бродови и чамци, меѓу другото и пловила од новите проекти. Потоа над Сенатскиот плоштад прелетаа авиони и хеликоптери на морнаричката авијација - повеќе од 40 ловци, авиони со резервоари за дополнување гориво, со радари, авиони за лов на подморници од единиците на Воздушно-космичките сили, на Балтичката, Северната, Црноморската и Тихоокеанската флота.

Оваа година во свечаностите учествуваа 26 странски воени делегации. Од Индија на парадата во Кронштат доплови фрегатата „Таркаш“, изградена во бродоградилиштето „Јантар“ во Калининград, а од Кина ракетниот разурнувач „Сјен“. Покрај тоа, во пресрет на парадата во тридневна посета на северната руска престолнина допатува командантот на иранската воена морнарица контраадмиралот Хусеин Канзади.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња