РЕАКЦИЈА НА МО: Романците НЕ запреа 30 руски тенкови и 30 оклопни транспортери на пат за Србија

Т-72

Т-72

Алексеј Иванов/ ТВ „Звезда“/Global Look Press
Денеска многу руски, романски и српски медиуми ја објавија вести дека Романија не пропуштила транспорт со руско оружје кој преку Дунав се движел кон Србија поради санкциите кои ЕУ ѝ ги наметна на Русија. Ова го соопшти романското Министерство за надворешни работи, пишуваа медиумите. Подоцна, руското министерство ја демантираше оваа вест.

За издавање на транзитна дозвола за превоз на воен материјал, која може да биде издадена само на романски оператер, треба да се исполнат неколку услови, пренесоа денеска руските медиуми.

„Еден од условите е услугите на романскиот оператор, кои се издаваат врз основа на дозвола за транзит, не треба директно или индиректно да одговараат на интересите на физичко или правно лице, институции или организации од Руската Федерација, ниту да бидат наменети за користење во Русија“, наведе романското министерство и додаде дека овој услов не е исполнет, односно дека лиценца не ни била издадена.

Романската телевизија „Диги 24“ објави дека се работи за 30 тенкови Т-72С и 30 оклопни транспортери БРДМ-2 кои се испратени во согласност со договорот меѓу Србија и Русија.

Меѓутоа, во петокот вечерта руското Министерство за одбрана објави соопштение дека информациите за овие испораки и нивно запирање од страна на Романците е „апсолутна лага“. Извозот на воена продукција од Русија во Србија, според соопштението, се врши во согласност со меѓународното право. Сите испораки на наведената воена продукција веќе се спроведени „строго според договорот и во договорените термини“, додадоа од министерството.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња