Дизајнерите на магазинот „Тајм“ ја повторија насловната страница од 1968 година на која советски космонаут и американски астронаут трчаат кон Месечината.
Во 2019 година Американецот и понатаму лета, но до него сега се Кинез и „приватниците“ SpaceX (производител на вселенска технологија, вклучувајќи ги ракетата Falcon и вселенскиот брод Dragon) и Blue Origin, компанија која се занимава со вселенски туризам.
Главната статија на овој број под наслов „Дуел на сили. Ривали милијардери. Нова трка за Месечината“ зборува за тоа дека последниве години само САД и Кина постигнале напредок во новите програми за истражување на Месечината.
Американските власти претходно соопштија дека следната лунарна експедиција се очекува во 2024 година кога астронаутите ќе поминат подолго време на Земјиниот сателит.
Меѓутоа, Американците не знаат дека дотогаш руската космонаутика веќе ќе ја „продупчи Месечината“. Прочитајте повеќе за тоа: Руски научници сакаат да ја дупчат Месечината за да дознаат од кога гледаме само една нејзина страна
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче