Во „Белата книга на националната одбрана на Кина во новата доба“ се констатира дека воената соработка меѓу Русија и Кина е на високо ниво, дека нејзиниот развој продолжува „збогатувајќи се со сеопфатно стратешко партнерство (...) во новата доба и игра важна улога во одржувањето на глобалната стратешка стабилност“, пренесува агенцијата ТАСС.
„Вооружените сили на Кина и Русија продолжија со развој на механизмите за размена на сите нивоа, ја проширија соработката на полето на размена на високо ниво, во сферата на воените маневри, технологиите и борбата против тероризмот. [Страните] остваруваат позитивна соработка во меѓународната сфера“, се вели во извештајот.
„Од 2012 година претставниците на армијата на Кина и Русија одржаа седум рунди стратешки консултации. Во август и септември 2018 година, на покана на руската страна, војниците на Народноослободителната војска на Кина првпат учествуваа во стратешките маневри „Исток“, се нагласува во Белата книга.
„Под стратешкото раководство на лидерите на двете држави нашите армии продолжуваат да ги развиваат односите. Страните ќе се поддржуваат една со друга, заемно ќе ги почитуваат интересите на другата страна и ќе развиваат соодветни механизми на соработка“, изјави официјалниот претставник на Министерството за одбрана на Кина, постар полковник Ву Ќиан, во текот на презентацијата на „Белата книга на националната одбрана на Кина во новата доба“.
„Што се однесува до практиката на изведување на стратешко патролирање, во иднина двете страни ќе го решат тоа врз основа на билатерални консултации“, додаде официјалниот претставник на кинеското министерство за одбрана.
Ден порано стратешки бомбардери на Кина и Русија изведоа заедничко патролирање на воздушниот простор во Азиско-тихоокеанскот регион.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче