Летачки тенк: Министерството за одбрана на Русија ја откри тајната на долговечност на Ил-2

Парк „Патриот“, Московска област

Парк „Патриот“, Московска област

Олга Соколова/Global Look Press
Руското министерство за одбрана објави интересни детали поврзани за конструкцијата на оклопот на авионот Ил-2.

Статија со наслов „Активен оклоп за 'Црната смрт'“ е објавена во списанието „Краснаја звезда“, официјално издание на Министерството за одбрана на РФ.

Офанзивниот авион Ил-2 е едена од легендите на Големата татковинска војна. Тој на непријателот му втерува страв во коските поради што и го има добиено прекарот „црна смрт“. Но, овој авион веројатно не би стекнал предност во воздухот доколку немал уникатен оклоп.

Авторот на статијата Виталиј Мороз ги има истражувано архивските документи врз основа на кои може да се стекне претстава колкав напор имаат вложено советските научници за да го создадат „летачкиот тенк“.

Советските пилоти уште во Шпанската војна се соочиле со проблемите на слаба заштитеност на своите ловечки авиони. Имале сериозни загуби во борбите против „месершмитовите“. Тогаш пилотот Павел Шустов се сетил од оштетен оклопен чамец да исече нешто налик на наслон и да го постави тоа како оклоп зад пилотското седиште.

Идејата му се допаднала на командантот и наскоро започнало сериско производство на оклопните наслони. Овој наслон добро го штител пилотот од оловни куршуми. Но, противоклопните куршуми ги разбивале на парам парче. Звучи парадоксално, но суперцврстиот челик бил лесно кршлив. Кога тоа го сфатиле стручњаците за метал Сергеј Кишкин и Николај Скљаров, започнале со создавање нов тип авионски оклоп. Според нивната замисла, овој оклоп би требало да има и цврстина и еластичност.

Така се појави хетерогениот оклоп во два слоја. Предната страна според цврстината му беше слична на јадрото од противоклопен куршум, а задната имаше пластични својства.

Набргу проектот е забележан на самиот врв, па дури и доби назив. Еве што напиша во врска со ова Николај Скљаров: „Информацијата за заштитниот оклоп го заинтересира Ј.В. Сталин. Тој веднаш сфати дека суштината на идејата се состои во разбивање на проектилот со помош на еден елемент на оклопот и праша: 'Значи, вие сте за активен оклоп?'. Никој претходно нема дадено таква содржајна и добра формулација. Терминот е прифатен во секојдневната практика на стручњаците за оклопи. Тие и денес го користат без да знаат дека автор на терминот е Ј.В. Сталин“.

Парк „Патриот“, Московска област

На ловечкиот авион му беше доволен оклопен наслон, но на офанзивниот не – за него беше потребно друго ниво на заштита. На офанзивните авиони огнот се отвора од земја, а не само од воздух. Беше поставено прашањето како да се направи оклопен авион без да се влошат неговите летни карактеристики.

На таа комплицирана задача се зафати Сергеј Иљушин. Тој дури и го замоли Сталин да го ослободи од должноста началник на Главната управа на авионската индустрија за да може во целост да му се посвети на овој проект.

Во статијата се наведуваат фрагменти од неговото писмо до водачот: „Денес е созреана потребата да се создаде оклопен офанзивен авион, или со други зборови летечки тенк, на кој сите витални делови ќе му бидат во оклоп. Свесен за потребата за ваков авион, јас во текот на неколку месеци работев на решавањето на оваа тешка задача и резултатот од проектот на оклопниот офанзивен авион... Со цел реализација на овој исклучителен експеримент кој неизмерно ќе ги подобри офанзивните можности на нашата офанзивна авијација, овозможувајќи да носи разорни удари на непријателот без свои загуби или со мошне мали загуби, ве молам да ме ослободите од должноста началник на Главната управа...“

Претходно конструкторите предлагаа во готовата конструкција на авионот да се вградат оклопни елементи, а Иљушин избра поинаков, револуционерен метод – конструкцијата на оклопот да се интегрира во погонската шема. Сите стручњаци сметаа дека тоа е неостварлив проект, зборуваа дека тоа е авантура, му се жалеа на Сталин, но конструкторот во себе имаше доволно цврстина за таа работа да ја доведе до крај.

А, каква цврстина му беше потребна на оклопот! Оклопот е направен со пресување загреан метал кој пота се калеше со ладење. Но, доколку процесот на ладење е подолг отколку што треба, челикот не е доволно цврст. Стручњак може визуелно да ја определи температурата на металот: на температура од 900 до 1050 степени металот има портокалова боја, на 730 до 800 има боја на зрела вишна, а на 530 до 580 степени има темнокафеава боја. Поцрнет метал не би пресувал ниту еден стручњак. Тоа е мошне опасно, зашто металот може да експлодира. Но, за оклопот на новиот офанзивен авион беше потребно токму „црно“ пресување. Методот го осмислија Кишкин и Скљаров. Обајцата во 1942 година ја добија Сталиновата награда.

Офанзивниот авион Ил-2 е произведен во рекорден број примероци. За време на Големата татковинска војна направени се 36.000 вакви авиони.

Од вооружувањето имаше два топа со калибар од 23 милиметри (во противтенковската верзија има калибар од 37 милиметри), два митралези, авионски бомби и митралез УБТ со калибар од 12.7 милиметри.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња