„Тигрите“ прикажаа дејство на тенк Т-72 опремен со нов систем за заштита (ВИДЕО)

marsonline
Елитната сириска формација „Тигри“, која има ранг на дивизија, на каналот „Јутјуб“ прикажа огнено дејство на советскиот/рускиот основен борбен тенк Т-72 на северот на провинцијата Хама. На овој видео-материјал може да се види како тенкот дејствува по позициите на терористите на подрачјето на населеното место Тел-Хаваш. Меѓутоа, на тенкот имаше еден интересен уред, кој во меѓувреме стана задолжителен дел од неговата опрема.

На јутјуб-каналот е објавено видео од борбите за населеното место Тел-Хаваш кое се наоѓа на северот на провинцијата Хама во Сирија. По позициите на терористичките сили утврден на работ на ова село дејствуваше основен борбен тенк на сириската војска Т-72, кој се  наоѓа во состав на дивизијата за специјална намена „Тигри“. На него се наоѓаше оптоелектронски систем Sarab-2 („Мираж-2“) кој претставува активна заштита на тенкот од непријателски наведувани ракети. Овој комплекс е дело на домашната воена индустрија, поточно е направен во Сирија, пренесува интернет-порталот Marsonline.

На почетокот на војната во Сирија, примената на наведувани противтенковски системи од различен тип делуваше катастрофално врз оклопно-механизираните единици на сириската армија, кои трпеа тешки загуби. Во такви сложени услови мораше да се најде брзо решение кое ќе ја заштити оклопната борбена техники од целосно уништување. Заедно со руските системи за активна заштита (испорака на тенкови Т-90А со комплексот „Штора“), сириските инженери направија своја „Куќичка за птици“ која е правена врз основа на модернизацијата на системот Sarab-1. На почетокот на 2017 година почнаа да се појавуваат првите тенкови опремени со модернизираниот оптоелектронски систем Sarab-2 („Мираж-2“), кои имаа способност да генерираат посилни пречки во однос на своите претходници.

Меѓутоа, овој тип на оптоелектронско противдејство е практично беспомошен против новите руски противтенковски системи „Корнет“, кои активно ги применуваат терористичките формации на северот на Хама. Сириските тенковски екипажи се обидуваат да го компензираат овој недостаток колку што е можно повеќе со активно маневрирање на оклопната борбена техника (системот пукај и бегај).

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња