„Палма“ која испукува 10000 гранати: Во Санкт Петербург прикажан бродски ПВО-комплекс

marsonline
На воено-поморскиот салон што се одржува во Санкт Петербург е прикажан во реална големина моделот на хибридниот ракетно-топовски комплекс „Палма/Палаш“. Со овој комплекс веќе се опремени неколку руски воени бродови. Неговата основна карактеристика е исклучително големата огнена моќ на артилериското орудие.

Интернет-порталот „Военое обозрение“ во својот текст објаснува дека се работ за уникатен систем. Основната намена на ПВО-системот „Палма“ е блиска заштита на бродовите од високопрецизно противбродско оружје кое може да се лансира од различни платформи.

Во основа, овој систем е способен да ги уништи сите типови воздушни цели на растојанија до 10000 метри. Покрај тоа, „Палма“ е проектирана да ги задоволи строгите критериуми за исполнување на своите задачи, а тоа се исклучително голема огнена моќ, прецизност на стрелба и заштита од противнички пречки. Според мислењето на руските воени експерти, се работи за еден од најефикасните бродски ПВО-системи што се произведуваат во светот, пренесува порталот Marsonline. 

Противвоздухопловниот ракетно-топовски комплекс 3М89 „Палма“ може да се монтира на палубата на различни видови воени бродови (фрегати/корвети) кои имаат депласман од 500 и повеќе тони. Исто така, благодарение на својата компактност, „Палма“ може да се најде во вооружувањето и на помали пловни објекти какоо што се, на пример, ракетните чамци.

Топовското вооружување се состои од два 6-цевни ротирачки топови AO-18КД со кал. 30 мм, кои имаат исклучително висока брзина на гаѓање која сумарно достигнува 10 илјади гранати во минута. Покрај нив, на боевиот модул „Палма/Палаш“ има и осум транспортно-ракетни контејнери со ПА-ракети 9M337 „Сосна-Р“ со максимален дострел до 10000 метри.

Управувањето со целиот комплекс е автоматизирано. „Палма“ самостојно ја избира најопасната цел, ја следи и дејствува по неа. Се разбира, командата за отворање оган мора да ја донесе операторот кој ја надгледува работата на целиот комплекс.

Прочитајте повеќе: Во Русија пронајден нов метод за откривање подморници

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња