Холдингот го претстави овој проект во рамките на Меѓународната военопоморска изложба што се одржува од 10 до 14 јули во Санкт Петербург.
„Државата е заинтересирана за интегрираниот систем за врска така што тој во наредните децении ќе стане основа на врската во Воената морнарица. Сега со овој систем е опремена цела низа воени бродови од различни проекти, а склучени се и договори за идни испораки“, ги пренесува агенцијата РИА „Новости“ зборовите на Владимир Березовски, генерален директор на Омскиот научноистражувачки институт за уреди (дел од холдингот „Роселектроника“), каде што е направен системот.
Тој истакна дека системот опфаќа средства за врска кои обезбедуваат воведување на технологијата на програмски избор на радиосигнали во системот за врска на Воената морнарица, со што е овозможено додавање нови функции и проширување на можностите на опремата со унапредување на софтверот.
Програмата самостојно прави распоред на работата на системот за врска, ја проверува достапноста на радио-каналите и ја прилагодува апаратурата за работа во избраната радио-мрежа, а исто така обезбедува и премин за користење на некоја друга врска во случај на потреба.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче