Русите им нудат на сиромашните држави хидроглисер со брзина од 60 јазли вооружен со ракети „Калибар“

Лансирање на противбродска ракета „Москит“.

Иљдус Гиљазудинов /Sputnik
Новиот артилериско-ракетен хидроглисер од класата 133РА ќе го добие името „Антарес-РА“, а неговиот основен квалитет е опремувањето со ракети Club кои претставуваат извозна верзија на крстосувачката ракета „Калибар“ со ефективен дострел од 300 километри.

Руската воена индустрија има во план на меѓународниот „пазарен натпревар“ кога станува збор за оружје и воена опрема да понуди хидроглисер опремен со крстосувачки ракети со поморско базирање. Се работи за средство кое првпат се појави на глобалниот пазар на оружје и борбена техника. Оваа вест за интернет-порталот ТАСС ја обелодени генералниот директор и прв конструктор на компанијата „Радар ММС“ Георги Анцев на петтиот меѓународен воено-технички саем „Армија-2019“.

Според него, новиот ракетен хироглисер од класата 133РА ќе биде наречена „Антарес-РА“, а неговиот основен квалитет е опремувањето со ракети Club (извозна верзија на крстосувачката ракета „Калибар“ со дострел од 300 км). „Ние на одредени делови на меѓународниот пазар им понудивме решение кое во своето вооружување поседува ракети „Калибар“. Се работи за многу интересен проект, бидејќи самата платформа е многу брза, а има и одлични пловни карактеристики“, рече Анцев.

Анцев додаде дека компанијата „Радар ММС“ во соработка со „Рособоронекспорт“ (дел од државната корпорација „Ростех“) ќе им го понуди овој проект на странските клиенти, кај кои постои зголемен интерес за набавка на овие средства. „Ова пловило може да многу брзо да се опреми со ракетно-артилериско вооружување кое е способни да уништи како копнени цели, така и објекти на вода“, напомена Анцев.

Тој додаде дека ракетниот хидроглисер „Антарес-РА“ е оптимално решение за државите кои имаат ограничен воен буџет, а на кои истовремено им треба средство кое на многу ефикасен начин ќе ги „заштити“ нивните територијални води и морскиот брег. „Антарес-РС“ е идеален за државите кои многу внимателно ги трошат своите пари“, рече Анцев, напомнувајќи дека прелиминарните разговори за евентуални извозни зделки веќе започнале. Со кои конкретно земји се преговора, засега останува деловна тајна.

Првиот човек на „Радар ММС“ додаде дека ракетниот хидроглисер „Антарес-РА“ ќе биде опремени со современи средства за врска, како и со радарско-набљудувачки и извидувачки средства. „На пловилото ќе се базира и беспилотно извидувачко летало кое ќе ја зголеми неговата способност за операции на извидување но и наведување на огнот врз целта“, рече Анцев.

Ракетниот хидроглисер од класата 133РА „Антарес-РА“ е развиен од страна на инженерско-конструкторскиот тим на претпријатието АО „ЦКБ по СПК „Р. Е. Алексеев“ кое е стратешки партнер на компанијата „Радар ММС“. Вкупниот депласман на ова пловило ќе изнесува 226 тони, додека неговата брзина ќе достигнува респектабилни 60 јазли. Главното вооружување ќе се состои од четири крстосувачки ракети „Club“/„Калибар“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња