Тихоокеанската флота се засили со подводен ракетоносец од класата „Антеј“

Alex omen/Wikipedia
Модернизираната атомска подморница од класата 949А „Антеј“ (НАТО-кодификација Oscar-II) која го носи името К-186 „Омск“ примена во единиците на Тихоокеанската флота. Претпоставката е дека оваа подморница ќе носи поголема количина суперсонични противбродски ракети П-800 „Оникс“, како и крстосувачки ракети „Калибар“ со дострел од 2500 км.

„Во рамките на програмата на петтиот Меѓународниот воен саем „Армија-2019“ што се одржува во Владивосток, на единиците на Тихоокеанската флота, по капиталниот ремонт и модернизацијата им е испорачана нуклеарната офанзивна подморници вооружена со крстосувачки ракети K-186 „Омск“, се вели во соопштението на информативната служба на Источниот воен округ на руската армија.

Модернизацијата на наведената нуклеарна подморница започна во 2015 година во бродоградната компанија „Ѕвезда“. По завршувањето на целиот комплекс на сложени технички работи, подморницата во мај оваа година многу успешно ги изврши блок тестирањата на отворено море, пренесува интернет-порталот РИА „Новости“.

Инаку, нуклеарната подморница K-186 „Омск“ која спаѓа во класата 949A „Антеј“ (НАТО-кодификација Оскар-II) почна да се гради на 13 јули 1989 година во бродоградежниот гигант „Севмаш“ во Северодвинск, каде шест месеци подоцна беше официјално ставена на листата на подморници на советската ВМ, а на 10 мај 1993 година спуштена во вода.

Подводната брзина на подморницата К-186 „Омск“ достигнува 30 јазли, а нејзината максимална проектирана длабочина е 500 метри. Нуклеарната подморница од оваа класа опслужува 130 луѓе, а нејзината автономија на отворено море изнесува 120 дена. Подморницата е долга 154 метри, со максимална ширина 18,2 метри, а вкупниот депласман ѝ достигнува 14700 тони/23860 тони под вода. Главното оружје на подморниците од овој тип се суперсоничните противбродски ракети П-700 „Гранит“.

Според рускиот интернет-портал „Рамблер“, модернизираната подморница „Омск“ наместо 24 ракети П-700 "Гранит“ ќе ги носи помодерните противбродски суперсонични ракети П-800 „Оникс“ и тоа во количина од 72 парчиња. Не е исклучено овој ракетоносец да биде вооружен и со подморничката верзија на суперсоничната  крстосувачка ракета „Калибар“ со дострел од 2500 км.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња