Потсетуваме дека стратешката нуклеарна подморница „Кнез Владимир“ е првата во серијата која е направена според модернизираниот проект 955А „Бореј-А“. Покрај модернизираната опрема што е интегрирана на ова пловило со цел подобрување на нејзините вкупни оперативни способности, реализирани се и определени зафати од конструкциска природа на 170 метри долгиот труп, пренесува Интернет-порталот РГ.
АПЛ "Князь Владимир" продолжила ходовые испытания в Северодвинске. Фото: CrazyMk / https://t.co/UX4hb6oyYkpic.twitter.com/aBcXtXVdQD
— Ivan O'Gilvi (@o_gilvi) June 13, 2019
Вестите за почетокот на практичните тестирања на модернизираната подморница од класата „Бореј-А“ се проследени до лош сет фотографии зашто подморницата на својата прва пловидба тргна во услови на самрак. Врз основа на нив може да се добие попрецизен увид за тоа како изгледа всушност оваа подморница, и што е тоа што на неа е променето, а да не може да се види однадвор. Најновата група фотографии сега ни дава повеќе информации за самиот нејзин изглед.
Новата атомска подморница се разликува од карактеристичните елементи на конструкцијата што ја поседуваше базичната верзија на подморницата од класата „Бореј“. Таа по својот надворешен дизајн е поедноставена и некако е поскладно решена. Командниот мост повеќе не се наоѓа под остар нападен агол во однос на трупот на подморницата, како ни карактеристичната „грба“ со арсенал ракети кои излегуваат од неа. Неодамна се појави информација дека руските конструктори кај модернизираната верзија на подморницата „Бореј-А“ успеале да го зголемат бројот на интерконтинентални балистички ракети „Булава“ од 16 на 20, но тоа сè уште не е официјално потврдено и најверојатно не е точно.
„Нема потреба за зголемување на бројот на ракетите на подморници од овој тип зашто поголема концентрација на нуклеарни средства на едно место е поповолна за непријателот зашто може да ги елиминира со еден удар. Покрај тоа, брзото лансирање на група од 20 интерконтинентални балистички ракети е мошне посложено, одошто кога тоа се прави со 16 ракети“, вели воениот експерт Александар Фролов кој е вработен во Центарот за анализа на модерни стратегии и воени технологии.
Станува збор за подморница од четвртата генерација која е вооружена со 3-степени интерконтинентални балистички ракети „Булава“. Секоја подморница од оваа класа може во својот борбен магацин да носи 16 вакви ракети кои можат да постигнат максимален дострел од 8.500 километри за помалку од 15 минути. Она што е навистина застрашувачко, е деструктивната моќ на подморничкиот ударен арсенал кој може да претвори во прав и пепел цел еден континент. Имено, секоја од овие ракети носи 10 независно насочени боеви глави со сила и до 150 кт. Значи во хипотетички нуклеарен судир, само една атомска подморница „Бореј-А“ плотунски може да покрие 160 различни мети кои поединечно би биле погодени со нуклеарна боева глава која е 8 до 10 пати посилна од оние што беа фрлени на јапонските градови Хирошима и Нагасаки. Тогаш обата града беа срамнети со земја, загинаа околу 250.000 луѓе, а Јапонија потпиша Акт за капитулација.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче