Концернот „Радиоелектронски технологии“ на меѓународниот воено-технички саем на оружје и воена опрема „Армија-2019“ претстави антибактериска полумаска-респиратор која нема познати аналози во светот.
Како што пренесува интернет-порталот ТАСС, заштитната маска е ефикасен против сите типови микроорганизми (вклучувајќи ги и оние кои се предизвикувач на туберкулоза), спори и габи, бактерии, вируси, сите форми на испарливи органски соединенија и непријатни мириси од органска природа.
„Во основата на новиот проект на заштитната маска стои уникатната технологија ТИОКРАФТ, која ја комбинира механичката филтрација на органските загадувачи и нивната елиминација со помош на извор на дозирано ултравиолетово зрачење и катализатор кој е направен врз основа на фотокаталитички елементи“, пренесуваат од концернот.
Производителот на оваа супернепропустлива маска е Раменската фабрика за производство на специјална заштитна опрема. Овој модел на заштитна маска нема аналози во светот. Работата на полумаската-респиратор е можна со автономен извор на напојување. Заштитната маска може да се применува во различни гранки на медицината, фармацијата, рударството, металуршката и хемиската индустрија, а исто така и во сточарството и прехранбената индустрија.
Меѓународниот воено-технички саем на вооружување и воена опрема „Армија-2019“ трае од 25-30 јуни. Манифестацијата се одржува на територијата на конгресно-изложбениот центар „Патриот“ кој се наоѓа во Московската област. Планирано е саеми со слична тематика да се одржат и во други градови во Русија. Според прелиминарните резултати, на саемот ќе учествуваат повеќе од 1500 претпријатија и организации кои ќе претстават повеќе од 27 илјади различни производи и идни проекти.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче