Руската воена индустрија на „Армија-2019“ ќе го претстави новиот комплекс за извидување „Спектар“

Комплекс за ПЕБ „Житељ“

Слободан Ѓукиќ
Целиот комплекс ќе биде монтиран на мобилна платформа која ја сочинува високопроодниот оклопен автомобил „Тигар“. Техничките можности на комплексот овозможуваат воздушен, оптоелектронски и радарски мониторинг на ситуацијата.

Мобилниот комплекс за контрола и извидување „Спектар“ првпат ќе ѝ биде претставен на јавноста на меѓународниот воено-технички саем „Армија-2019“ што од 28-30 јуни оваа година ќе се одржи во Екатеринбург. Ова го соопшти информативната служба на Централниот воен округ (ЦВО), пренесува рускиот интернет-портал ТАСС.

 „Во Екетеринбург првпат ќе го претставиме мобилниот комплекс „Спектар“ (Спектр). Тој е наменет за покривање на територија и воени објекти кои можат да станат потенцијални цели на условниот непријател. Техничките можности на комплексот овозможуваат воздушен, оптоелектронски и радарски мониторинг на ситуацијата. „Спектар“ е монтиран на мобилна платформа која ја сочинува високопроодниот оклопен автомобил „Тигар“, се вели во соопштението.

Како што најавија домаќините на оваа манифестација, посетителите на местото ќе се запознаат со функцијата на овој современ извидувачки комплекс на руската армија.

„Специјалистите за противелектронска борба на посетителите ќе им ги претстават и современите комплекси за радиоелектронско извидување „Мурманск“, потоа комплексите за борба против беспилотни летала и крстосувачки ракети „Красуха“ и „Силок“, како и „Лесочек“ кој обезбедува заштита на оклопно-механизираните и моторизираните единици од диверзантски напади со употреба на класични и импровизирани минско-експлозивни средства на далечинско активирање“, пренесоа од информативната служба на Централниот воен округ.

Оваа година на саемот во Екатеринбург се планира поставка на повеќе од 70 единици оклопна и автомобилска техника, ракетно-артилериско вооружување и специјална техника, како и на повеќе од 100 модели современо стрелечко вооружување меѓу кои ќе има и голем број раритети.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња