Суштината на овој тактички маневар е во тоа што хеликоптерите наидуваат редум во парови, едни по други, истрелуваат ракети на целта, а потоа прават круг и се враќаат во базата. На оваа видеснимка во акцијата учествуваат шест хеликоптери. Стрелбата се коригира од земја, од позицијата од која е направена и снимката, соопштува весникот „Росијскаја газета“.
Како што се истакнува, на снимката се забележани настани од 2015 година. Огнот го коригира командантот на рускиот контингент во Сирија, генерал-полковник Александар Дворников. Позициите на терористите се гаѓани со ненаведувани ракети.
По извршената задача хеликоптерите прелетаа покрај командната позиција.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче