Американски Б-52 принудно слета по блиска средба со руски Су-27 (ВИДЕО)

Су-27

Су-27

МО на РФ
Американските новинари го анализираа начинот на кој руски ловец Су-27 пресретна бомбардери Б-52 покрај руските граници и откриваат интересни детали.

Изданието The Drive во детали ја опиша средбата на авионите Б-52 Stratofortress и Су-27. Се покажа дека во инцидентот учествувале летала од 5. бомбардерски винг од базата во Северна Дакота. Еден од нив учествуваше во вежбите на НАТО BALTOPS во Балтичкото море, другите два во вежбите Saber Guardian 2019 во Романија. 

Интересно е што трите пилоти користеа шифри Ходор 51, 52 и 53, како вистински фанови на серијата „Игра на тронови“.

Меѓутоа, по завршувањето на мисијата, еден од авионите пријави вонредна состојба и принудно слета во британската база Милденхол. Според непотврдени информации, дошло до дефект на едниот од моторите.

Бомбардерите Ходор 51 и 52 летаа од Романија, но другиот авион се одвоил и се насочил кон Крим, кон самата морска граница на РФ. Се свртел дури на оддалеченост од околу 60 км од полуостровот.

Американското издание пишува дека бомбардери Б-52 немале слични мисии последниве 5 години.

Целта на тој лет не е јасна, но последниве години САД инсистираат на тоа дека имаат право да летаат над меѓународните води на Црното море недалеку од украинската и руската граница, без оглед на спротивставувањето на Кремљ, пишува The Drive.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња