Воздушно-космичката војска на РФ (ловци-бомбардери) извеле четири удари по позиции на терористите во провинцијата Идлив, кои отвориле оган врз објектите каде се наоѓале турските војници. За време на операцијата на ловечко-бомбардерскиот ефектив уништена е поголема група терористи, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана, пренесува порталот Бог рата.
„Ние дејствувавме по координатите што ги добивме од турската армија. Вкупно изведовме четири воздушни удари“, пишува Интернет-порталот ТАСС, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана.
Како што е прецизирано во военото министерство „како резултат на оваа акција во реонот на населеното место Докмак и топографскиот објект Џебел-Таверта уништена е крупна терористичка група заедно со огнените положби каде се наоѓала нивната артилерија, од која е извршен оган по турските сили“. Тесната координација помеѓу командите на руската и турската војска во Сирија во рамките на операцијата против терористичките формации на овој простор ќе продолжи, велат од руското Министерство за одбрана.
Анкара по огнените судири со терористите ѝ се обратила на Москва со молба детектираната група која отворила оган по позициите на турската војска да биде елиминирана, и на тој начин да се обезбедат човечките и материјалните ресурси кои биле нападнати.
„Ноќта на 13 јули, терористичките групи кои дејствуваат во провинцијата Идлив со артилериски средства ја гаѓале набљудувачницата на турската војска која е лоцирана на котата Џебел-Завија. За да се заштитат животите на војниците кои се наоѓале во овој објект, турската команда се обратила до рускиот Центар за надгледување на примирјето помеѓу завојуваните страни, со молба да се обезбеди сигурност така што руската авијација ќе изведе удари по позициите на терористите“, велат од руското Министерство за одбрана.
Сухој Су-34 (рус. Сухой Су-34, НАТО Fullback) е тактички повеќенаменски ловец-бомбардер. Развиен е во КБ Сухој, а сериски се произведува во Новосибирската фабрика за авиони „Валериј Чкалов“. Тој е наменет за бомбардерски задачи, каде со употреба на ракети од класата воздух-земја и со авиобомби уништува широк спектар цели на земјата. Благодарение на компатибилноста со обемна палета воздушно вооружување, овој авион може да се бори против цели на море, но и во воздух. Во последно време овој авион е зајакнат со современи системи за електронско попречување, што во голема мера ја усложнува позицијата на противникот во евентуален воздушен судир со овој авион, но и непријателските екипажи на средствата за ПВО.
Су-35 е длабоко модернизиран суперманеврабилен повеќенеманески ловец од генерацијата 4++ кој е конструиран со помош на технологијата од петтата генерација. Небесниот крстосувач се карактеризира со мошне квалитетна авионика која како основа го користи комплексниот компјутерски информациско-команден систем, нов радар, мотори АЛ-41Ф1С со плазмен систем за согорување на зголемената сила и управување со векторски потисок. Овие мотори според своите карактеристики можат да се применат и на ловците од петтата генерација зашто обезбедуваат надзвучна брзина без дополнително согорување.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче