Руски експерт за можното распоредување на суперсонични ракетоносци Ту-22М3М на Крим

Слободан Ѓукиќ
Подобрувањето на аеродромската инфраструктура на полуостровот на Крим ќе обезбеди прием на многу потешка воздухопловна борбена техника, како што се бомбардерите со голем радиус на дејство. Овие летала се одликуваат со исклучително голем капацитет за носење современи убојни средства, вклучувајќи ги и хиперсоничните ракети од класата „воздух-вода“ „Кинжал“.

Длабоко модернизираните бомбардери со голем долет Ту-22М3М ќе станат непријатно изненадување за Воената морнарица на САД, изјави рускиот воен експерт Јури Кнутов за медиумската куќа RT.

Според него, во следните неколку години ќе се прошири оперативниот простор на примена на бомбардерите Ту-22М3М благодарение на амбициозната програма на Министерството за одбрана на РФ со цел подобрување на постојните и изградба на нови воздухопловни бази кои ќе можат да ги примат овие авиони. Експертот напоменува дека кон крајот на минатата година на Крим заврши комплетирањето на новата писта на аеродромот Балбек. Кнутов додава дека со дополнителни зафати врз аеродромската инфраструктура е овозможен прием на нови бомбардери на Крим, што е многу важно поради појавата на бродовите на американската воена морнарица во Црноморскиот басен.

„Во акваторијата на Црното море редовно влегуваат американски разурнувачи. Доколку ситуацијата се влоши, самото распоредување  на бомбардери на полуострово Крим може да стане непријатно изненадување за ВМ на САД“, изјави рускиот експерт, пренесува интернет-порталот РИА „Новости“.

Минатиот август во Казањ беше претставен длабоко модернизираниот бомбардер-ракетоносец Ту-22М3М, кој по промоцијата беше упатен на дополнителни тестирања на летањето. Според претседателот на „Обединетата корпорација за изградба на авиони“ (Объединенная авиастроительная корпорация) , руските Воздушно-космички сили ќе бидат посилни за овие бомбардери од 2021 година.

Длабоко модернизираниот суперсоничен ракетоносец Ту-22М3М првпат полета кон крајот на 2018 година од аеродром во градот Казањ, Руската Федерација. Кај него е реализирана толку обемна програма за модернизација, што може да се каже дека се работи за сосема нов авион којшто од своите претходници не се разликува единствено по надворешниот дизајн кој повеќе или помалку остана ист. Авионот доби современи средства за навигација и врски, нов нишански комплекс за наведување на најсовремени типови воздухопловни бомби и ракети (употреба на хиперсонични ракети „Кинжал“), како и комплетно нов електросистем.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња