САД ја запираат понатамошната обука на турски пилоти поради намерата на Анкара да набави С-400

Григориј Сисоев/Sputnik
САД донесоа одлука повеќе да не примаат нови турски пилоти кои се обучуваат на повеќенаменските ловци од петтата генерација F-35, пренесува информативната агенција „Ројтерс“ повикувајќи се на свои извори.

Оваа одлука е донесена врз основа на неуспешните преговори меѓу Вашингтон и Анкара, во кои САД бараа од Турција да се откаже од купувањето на рускиот систем за противракетна одбрана С-400 „Триумф“. Во текстот се напомнува дека оваа одлука засега е насочена само кон пилотите и техничкиот персонал кои според планот требало да пристигнат во САД, пренесува интернет-порталот РИА „Новости“.

Во овој момент во американската воздухопловна воена база „Лук“ која се наоѓа во сојузната држава Аризона, се наоѓаат четворица турски пилоти и двајца пилоти кои работат како инструктори. Покрај пилотите, на обука се и 20 членови на техничкиот персонал.

Изворите кои ја пренесоа оваа информација не ја отфрлаат можноста за промена на оваа одлука доколку Анкара го промени својот став за набавката на системот С-400. Според агенцијата „Ројтерс“, одлуката нема да се однесува на пилотите кои во овој момент се наоѓаат на обука.

Неодамна турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган уште еднаш му предложи на својот колега Доналд Трамп формирање на заедничка работна група за прашањето на набавка на системот С-400. Турција во неколку наврати децидно изјави дека нема намера да се откаже од набавката на системот С-400 и дека тоа за неа е завршена работа.

Првите системи С-400 треба да бидат испорачани до крајот на јули оваа година. САД сметаат дека набавката на руските системи С-400 е некомпатибилна со стандардите на НАТО, со што ja условува понатамошна испорака на авиони F-35 со целосно излегување на Турција од овој процес.

Турција е еден од клучните учесници во меѓународната програма на САД кога станува збор за авионот F-35. Во Турција неколку пати изјавиja дека купувањето на рускиот систем С-400 на никој начин нема да ги загрози американските авиони.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња