Основната цел на овие макети е создавање навика кај австралиските пилоти јасно да ги препознаат овие ПВО-орудија кои денес или утре можат да се најдат во вооружувањето на потенцијалниот непријател. Во таа прилика, важно е визуелно препознавање на целите преку наведуваното убојно оружје кое ја пренесува сликата во кокпитот на авионот, пренесува интернет-порталот marsonline.
Се работи за системи со краток дострел кои се наоѓаат во вооружувањето на руската армија и други армии ширум светот. Главно се наменети за заштита на копнените трупи на земја, како и на поважни воено-економски цели кои можат да бидат цел на воздушен напад. За разлика од „Панцир“, кој спаѓа во категоријата на хибридни ракетно-топовски системи, „Тор“ спаѓа во чистокрвните ракетни системи за ПВО.
Најновите модификации на овие системи значително го зголемуваат дострелот на ракетите, нивната количина како и бројот на истовремено нападнати цели. Според нивните вкупни тактичко-технички карактеристики, западните специјалисти ги вбројуваат во сериозните средства за трупните ПВО со кои располага руската војска.
Постојат извештаи дека покрај австралиската војска, слични макети користат и војските на Израел и на САД.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче