Колку е заштитен Кримскиот мост?

Слободан Ѓукиќ
Кримскиот мост спаѓа во групата објекти од стратешко значење, која е на исто ниво како, на пример, нуклеарните централи или командниот пункт на Ракетните сили за стратешки намени.

„Кримскиот мост е граден со истата технологија која се применува во изградбата на нуклеарните централи“, изјави за магазинот „Ѕвезда“ неименуван извор во ФСБ, кој одговори на новинарско прашање во врска со нивото на безбедност на овој витално важен сообраќаен објект. Тоа значи дека неговата конструкција може да издржи директен удар на авион. За заштита на воздушниот простор околу мостот е ангажиран ешалонски систем за ПВО кој е во полн капацитет опремен со најсовремени средства - од хибридни топовско-ракетни системи со краток дострел „Панцир“ па сѐ до ракетни системи со голем дострел С-400 „Триумф“ распоредени на подрачјето на Феодосија, пренесува интернет-порталот РГ.

Покрај тоа, ангажираните средства за ПВО се способни не само во физичка смисла да одбијат масовен напад од воздух, туку и во огромна мера да го компромитираат електронското поле благодарение на големиот број системи за противелектронска борба. На овој начин во голема мера се попречува високопрецизното оружје на непријателот заситено со електроника, што доведува до негов целокупен колапс.

Исто така, овој мост е исклучително добро заштитен и од евентуални удари од море. Околу мостот се распоредени голем број пречки кои физички не им дозволуваат на „натрапниците“ да му се доближат на мостот. Водените патишта околу мостот целосно ги контролира единица на Росгвардија (самостојна поморска формација во ранг на бригада), а во нејзината работа ѝ помагаат пограничните и специјалистичките единици на Црноморската флота (подводни диверзанти), кои не дозволуваат потенцијалниот непријател преку морското дно да стигне до мостот. Ова најдобро се покажа за време на „лудиот“ обид за приближување до мостот од страна на три украински воени брода кои со енергична акција на руските безбедносни органи молневито беа неутрализирани (екипажот заробен и сите бродови запленети).

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња