Воено рели: Екстремно возење на тешки руски воени камиони (ВИДЕО)

По повод Денот на возачот на воени моторни возила Министерството за одбрана на Руската Федерација објави ефектна видеоснимка од меѓународниот натпревар „Воено рели“.

Тешките камиони возат по дното на реката и преминуваат различни пречки. Посебно се прикажани делови од трката по беспаќата на Астраханската област, Калмикија и Тува.

Инаку, годинава натпреварувањето на возачите на воени моторни возила ќе биде одржано недалеку од Кизил (Тува) од 4 до 14 август, а првпат ќе учествуваат војници од Србија и Белорусија. Останатите натпреварувачи ќе бидат од Русија, Кина и Узбекистан.

Натпреварувањето ќе биде во четири етапи од кои секоја е со должина од 150 до 250 км.

Првата единица возачи на моторни возила е формирана уште во Руското царство – на 29 мај 1910 година. Во текот на Втората светска војна возилата на Црвената армија превезоа преку 145 милиони тони различен товар. Искуствата стекнати во воената интервенција во Авганистан беа применети подоцна во војните на Северен Кавказ, а возачите на моторни возила на руската војска имаат важна улога и во борбата против меѓународниот тероризам во Сирија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња