Заборавена технологија: Класата „каљмар“, импресивен советски офанзивен ховеркрафт

Апаратите од проектот 1206 (НАТО ознака: лебед) беа офанзивни лебдала со средна величина наменети за советската морнарица.

Проектот на почетокот од седумдесеттите години од минатиот век ги разработи бродоградната компанија „Алмаз“. Производството на пловилата „каљмар“ (во превод лигна) започна во 1972 година и во погоните во Ленинград и во Федосија продолжи сè до 1985 година.

Класата „каљмар“ беше руски еквивалент на американската класа ЛЦАЦ, иако американската верзија во служба влезе седум години подоцна. Ховеркрафтот „каљмар“ за првпат е користен во 1975 година, до раните деведесетти години од минатиот век се произведени дваесет примероци од овој апарат.

Советското офанзивно лебдало можеше да пренесе до 40 тони товар.

Интересно е што ховеркрафтите „каљмар“ се појавија во книгата на Том Кленси (американски писател познат по шпионски техно-трилер романи) од 1986 година „Црвената бура“. Во романот Советите користат четири вакви морски чудовишта во инвазијата на Исланд!

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња