Руски пробен пилот ги оцени можностите на ловечкиот авион Су-57

Владимир Сергеев/Sputnik

Заслужниот руски пробен пилот, полковникот во резерва Сергеј Богдан кој има летано на дури 57 различни типови авиони признава дека Су-57 е најдоброто летало со кое тој досега управувал, пренесува ТВ Ѕвезда.

Според искусниот пилот, ловечкиот авион Су-57 ги надминува техничко-тактичките карактеристики на оперативните борбени авиони од генерациите 4, 4+ и 4++, и ги поседува сите неопходни елементи за современа воздушна борба.

„Треба да се нагласат способностите за неговата 'недостижност'. Исто така авионот ќе може да употребува огромен спектар современо вооружување од различен тип. И покрај сето тоа тој нема да изгуби од своите летно-технички карактеристики. Згора на тоа, неговите параметри поврзани за способноста за маневар ќе ги надминат останатите борбени авиони“, нагласува Богдан.

Су-57 е руски повеќенаменски борбен авион од петтата генерација што го имаат развиени воздухопловните инженери на ОКБ Сухој. Тој е наменет за извршување огромен спектар задачи што можат да се постават пред една воздухопловна борбена платформа, како што е остварување на апсолутна воздушна превласт над територијата на која се изведуваат кривни борбени дејствија, уништување на најразлични копнени цели и површински бродови кои се зајакнати со современи противвоздушни борбени средства, операции за извидување и за надзор на воздушниот простор на голема оддалеченост, уништување на командна инфраструктура на непријателот итн.

Читајте исто така: Во американска воена база се појави авионот F-16C кој е „идентичен“ на ловецот Су-57

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња