Прошталниот лет на прочуениот руски авион: Ту-134 со гордост заминува во минатото (ФОТОГРАФИИ)

Legion Media
Руските авиокомпании ги прекинаа редовните патнички линии со авионот Ту-134, но тој и понатаму ќе се користи за деловни летови и за превоз на товар.

1. Советскиот авион со тесен труп Ту-134 последен пат леташе на редовна патничка линија во Русија. „Алроса“ беше последната авионска компанија во земјата која во текот на изминативе години користеше два вакви млазни авиони на патнички линии во Сибир.

2. По последното атерирање авионот беше однесен во Новосибирскиот музеј на авијацијата.

3. Ту-134 сепак нема целосно да исчезне од руското небо. Неколку летала од овој тип сè уште ќе служат за превоз на товар и за деловни летови.

4. Денес Сирија, Судан и Северна Кореја се единствените земји во светот кои го користат Ту-134 на патнички линии.

5. Со вкупно 854 летала моделот Ту-134 беше еден од најпродуктивните авиони во СССР. Голем број вакви летала се користеа во земјите од Источниот блок.

6. Ту-134 е првиот советски патнички авион кој доби сертификат од Организацијата за меѓународно цивилнo воздухопловство (ИКАО), така што можеше да се користи на меѓународни линии.

7. Во текот на еден од првите пробни летови тркалезна молња удри во челното стакло од кабината. По некакво чудо мина низ целиот авион и излезе на опашката без да нанесе каква било штета на екипажот.

8. Ту-134 отсекогаш бил познат по сигурноста и по исклучителните технички карактеристики. За разлика од многу современи авиони тој може безбедно да слета кога дува страничен ветар со брзина од 20 метри во секунда, а челен од 30 метри во секунда.

9. Летовите на овој авион на меѓународните линии се забранети во 2002 година зашто Ту-134 според новите стандарди на ИКАО е премногу бучен.

10. За овој авион е поврзана една од најтешките авионски несреќи во историјата. По грешка на контролата на летот два авиони Ту-134 се судрија на 11 август 1979 година во воздух над Украина. Загинаа 178 патници и членови на екипажот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња