Основната цел на ваквото „бојадисување“ на авионот е верна имитација на руското летало поради креирање на што пореалистични услови за време на вежбањето на американските авиони кои ќе симулираат воздушна битка.
„Стаса новиот противник. Духот е токму тука! Борете се!“, напишано е на пост на Фејсбук и објавено е на официјалната страница на воздухопловната база „Нелис“, пренесува Интернет-порталот РГ.
Неодамна командантот на американскиот 58 воздухопловен полк Роберт Новотни ги повика корисниците на социјалната мрежа Фејсбук да изберат камуфлажна шема која најмногу одговара на системот на распоред на боите на рускиот повеќенаменски ловец од петтата генерација Су-57. Како резултат на тоа се појави скицата со назив „Змија“.
Исто така и 64 ескадрила за обука со база во Невада обои еден свој авион кој ќе има сличен камуфлажен систем што го користат авионите од генерацијата 4++ Су-35С. Според високи американски офицери сите овие активности се насочени кон максимално реалистично изведување воени вежби за стекнување рутина.
Су-57 е руски повеќенаменски борбен авион од петтата генерација што го имаат развиено воздухопловните инженери на ОКБ Сухој. Тој е наменет за извршување огромен спектар задачи што можат да се постават пред една воздухопловна борбена платформа, како што е остварување на апсолутна воздушна превласт над територијата на која се изведуваат кривни борбени дејствија, уништување на најразлични копнени цели и површински бродови кои се зајакнати со современи противвоздушни борбени средства, операции за извидување и за надзор на воздушниот простор на голема оддалеченост, уништување на командна инфраструктура на непријателот итн.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче