Како е можно ловците од 5 генерација Су-57 да бидат поевтини од Су-35 кои се од генерацијата 4++?

Бог рата
Информацијата дека руските Воздушно-космички сили ќе се опремат со 76 повеќенаменски ловечки авиони од петтата генерација Су-57 го привлекоа вниманието на западните воени аналитичари. На прв поглед ги зачуди ниската набавна цена на овие авиони која ќе изнесува 170 милијарди рубли или 2.6 милијарди американски долари според денешниот курс.

Суперсовремените авиони Су-57 се поевтини од американските авиони од петтата генерација Ф-22 и Ф-35, вклучувајќи ги и ловечките апарати од генерацијата ’++ како што е Су-35. На пример, цената на еден повеќенаменски ловец Су-35 кој неодамна беше испорачан на НР Кина, изнесуваше 83.3 милиони американски долари, пренесува Интернет-порталот РГ.

Причината за олку ниската цена на 57-ката е тоа што за време на определувањето на нејзината вредност се зeма предвид само цената за производство на овие авиони во фабриката, без дополнителни инпути како што се трошоците за време на тестирањето на леталото“. Според мислењето на авторот на текстот објавен на американскиот Интернет-портал „Милитари уоч“ (Military Watch) „уделот на овие трошоци ќе виде покриен доколку нарачателите набават поголем број од овие летала“.

Кога станува збор за договорот со Кинезите за продажба на авионот Су-35, во неговата вкупна цена се вклучени и мошне важни елементи кои одат во пакет заедно со новото летало, а тоа се земската опрема, резервните мотори и вооружувањето.

Друг исклучително важен фактор за олку ниската набавна цена на авионот Су-57 е фактот што сите летала се наменети за опремување на руската армија. Тука практично станува збор за минимална можна цена кај која нема никаков профит.

Уште една важна околност која влијае на економската ефикасност на рускиот одбранбен сектор е тоа што трошоците за производство се мерат во американски долари. При низок курс на руската рубља во однос на американскиот долар, може да се купат многу повеќе стоки и услуги, одошто во Европа или во САД. Ваквата ситуација доведува до значително намалување на трошоците за производство.

„Тоа е едно од клучните нешта кои ѝ дозволуваат на руската техника успешно да им конкурира на западните производи кога станува збор за факторот цена“, потсетува изданието.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња