„Резултатите покажаа дека кинескиот бомбардер има способност за носење поголеми количини убојни средства и солиден оперативен долет, но сето тоа не е доволно за задачи од стратешки формат. Дури ни модернизација не би била доволна за кинескиот бомбаш да ги достигне руските и американските пандани“, соопштува кинескиот медиумски сервис IFENG.
Основната причина се крие во тоа што кинескиот бомбаш е конструиран врз основа на поранешниот советски бомбардер Ту-16, кој се произведуваше на средината на минатиот век. Со модернизација на овој авион Кинезите успеаја значително да ги подобрат летечко-техничките и тактичките карактеристики на овој авион. Кинеската верзија на бомбардерот доби нова електронска опрема, извршени се обеми работи за замена на моторите благодарение на што е зголемена нивната потисна моќ. Меѓутоа, трупот на авионот и понатаму остана истиот, што е клучниот недостаток кој го спречува понатамошното зголемување на перформансите на овој бомбардер, пренесува интернет-порталот РГ.
„Овој авион ниту според своите димензии и капацитетот не може да се споредува со далеку погабаритните американски и руски конкуренти (В-52 и Ту-95). Разликата е неспоредливо поголема ако, на пример, овој авион се спореди со суперсоничните стратешки бомбардери Ту-160 или В1В. Кинеското летало лета со подсонична брзина и не може да ја достигне брзината на звукот“, напомнува авторот на овој текст.
Во овој момент руските стратешки бомбардери Ту-95 „Мечка“ кои се споменати во овој текст се наоѓаат во фаза на модернизација која се спроведува во Тарангорскиот воздухопловен научно-технички комплекс „Бериев“. Должината на ракетоносецот изнесува 50 метри, колку што отприлика е и опсегот на неговите крила. При максимална маса на полетување од 185 тони авионот е способен да развие брзина од околу 830 км/час.
Модернизираниот Ту-95 ќе има можност да носи крстосувачки ракети Х-55 и Х-101. Исто така, во неговото вооружување може да се најдат ракети Х-102 опремени со нуклеарна боева глава еквивалентна на 250 килотони.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче