„Задолжителната регрутација [во Русија] постепено оди во минатото“, изјави претседателот на Русија Владимир Путин во средината на април. Во руското општество повторно е започната дискусијата за долгоочекуваното укинување на задолжителното служење воен рок за мажите.
Шефот на руската држава особено го сврти вниманието на тоа што денес има сè повеќе техника од висока класа со која можат да управуваат само професионалци. Според тоа, за да се обучи таков кадар стручњаци потребна е повеќе од една година, колку што трае воениот рок за мажите во Русија.
Може ли Русија толку лесно да се откаже од задолжителното служење воен рок?
Војници на РФ на маневри, на арктичкиот противвозудшен ракетен систем „Тор-М2ДТ“ направен на база на теренското возило ДТ-30. Територија на 726 центар за обука на припадниците за противвоздушна одбрана во градот Ејск.
Виталиј Тимкив/SputnikВо Русија кон крајот на минатата деценија беше започната програмата за модернизација на армијата во чија рамка за купување техника се издвоени 22.5 билиони рубли (околу 350 милијарди американски долари според сегашниот курс). Во моментов современата техника е составена од 68% руско вооружување, со тоа што добар дел од постарото вооружување е наследено од советскиот период. Тоа не е мал процент за земја која има армија од 1.013.628 војници и треба да брани територија со површина од 17 милиони квадратни километри.
Сега во Русија служат околу 384.000 војници на договор. Ова се податоци кои Генералниот штаб на РФ ги наведе кон крајот на 2018 година. Министерот за одбрана постави задача до 2025 година бројот на војници на договор да се зголеми на 475.000.
Сите останати се офицери и војници на служење задолжителен воен рок.
Условите што треба да ги исполни војник по договор се дефинирани со Законот за воена обврска и воена служба. Според овој закон кандидатот треба да поседува определени медицински показатели за родот војска што го има избрано, а исто така да има и соодветна физичка подготвеност (да биде брз, издржлив и силен).
Редовен војник на лекарски преглед пред воената комисија во обласниот регрутен центар во Владивосток.
Виталиј Ањков/SputnikКандидатот не може да има повеќе од 40 години, мора да има најмалку средно образование и една година отслужен редовен воен рок. Условот е никогаш претходно да не бил осудуван.
Доколку ги исполнува сиве овие показатели добредојден е во армијата како редовен војник со плата од околу 30.000 рубли (околу 500 американски долари). Платата зависи од конкретниот регион и од условите на служба, а исто така и од должноста што ја извршува војникот.
Правниот статус на човек кој има „договор со државата“ е целосно поинаков од статусот на редовен војник кој е задолжен една година од својот живот да го мине во армија.
Војници на генерална проба за демонстрација на можностите во вооружувањето и воената техника на Меѓународниот воено-технички форум на Јужниот воен округ „Армија 2018“ на полигонот „Кадамовски“ во Ростовската област.
Сергеј Пивоваров/SputnikРедовниот војник на договор практично ги има истите права како и офицер. Работното време му е сосема јасно дефинирано, и може да живее во својот стан, а не во касарна. Може слободно да влегува во кругот на касарната и да излезе од него.
Стабилно прима плата два пати месечно. Исплатата е редовна и никогаш не доцни. Договорот е стабилен, така што војникот не мора да се грижи за своето работно место.
Ова се добрите страни, но има и лоши. За разлика од обичната работа, тука не може да му се каже на шефот „Нема да го правам тоа“. И не може туку-така да се даде отказ кога некој ќе посака. Самиот поим „служба“ не подразбира слобода на волјата и на однесувањето. Кога ќе се издаде наредба „во напад“, треба да се излезе од рововите и да се јуриша на непријателот без оглед на митралеските рафали. Тука не се поставуваат никакви прашања.
Подготовката за ваква хипотетичка ситуација започнува од ситни задачи како што е „оди-донеси“ и слично, а продолжува со маршовите долги неколку километри, во вежби за гаѓање, заминување на терен, опслужување на техниката, и други слични активности. Војниците кои имаат незгоден карактер, кои се мрзеливи и „слободољупците“, во случај на одбивање наредба или на кршење на правилникот на вооружените сили можат да бидат упатени на превоспитување во дисциплински баталјон. Тоа е своевиден војнички затвор каде начинот на живот, дневните обврски и обичаи потсетуваат на обичен затвор.
Ваквата психолошка и физичка обука на мажите е неопходна во случај на војна и на криза.
Првата причина е тоа што редовните војници се главната резерва на вооружените сили во случај на војна.
Редовни војници на територијата на регрутниот центар во реонот Железнодорожни пред заминувањето на отслужување воен рок.
Станислав Красиљников/TASSРедовниот воен рок е физичка, и што е уште поважно – психичка подготовка на луѓето за служба во армија. Редовните војници учат да пукаат и да ракуваат со техниката (иако не на она ниво што го има еден стручњак по неколку години ракување со оружје за противвоздушна одбрана), а најважно е што знаат што е тоа дисциплина и што е тоа наредба.
Второ, вработувањето дополнителен контингент војници на договор засега е премногу скапо. Русија може тоа да го постигне само во постепена процедура.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче