Русите на своите турски домаќини им претставија бомба која уништува подморници на длабочина од 600 м

Слободан Ѓукиќ
Русија на 14. Меѓународен саем на оружје и воена техника IDEF-2019 што се одржува во Истанбул ја претстави корективната противподморничка воздухопловна бомба „Загон-2Е“, која го претставува врвот на руската воена мисла кога станува збор за овој тип на оружје. Ова бомба на читателите на интернет-порталот РИА „Новости“ им ја претстави заменик-генералниот директор на АД „НПК „Техмаш“ (интегрален дел на коцернот „Ростех“) Александар Кочкин.

Изложбениот комплекс се протега на површина од околу 120 илјади квадратни метри во 12 салони. Најнови модели на модерно оружје претставија над 1000 компании од целиот свет. Специјализираната државна посредничка компанија „Рособоронекспорт“ организираше изложбен простор за околу 450 експонати кои се производ на руската воена индустрија. Најзастапени се производите на гигантите како што се Концернот ВКО „Алмаз-Антеј“, Холдингот „Швабе“ и АД „НПК ТехМаш“.

„На овој саем претставивме еден од најквалитетните модели на современо противподморничко оружје. Станува збор за корективната воздухопловна бомба „Загон-2E“. Нејзината основна намена е борба против непријателски подморници кои се наоѓаат во режим на површинска и подводна пловидба. Имено, таа е способна да уништи подморница на длабочина од 600 метри“, изјави соговорникот на интернет-порталот РИА „Новости“.

Според него, основната предност на оваа корективна бомба е што по нејзиното исфрлање од авион или хеликоптер истата е способна да лебди во водата, при што во  временски период до 4 минути ја бара својата цел.

„Кога ќе се детектира непријателска подморница, бомбата се одвојува од падобранот и пловката. Таа продолжува да се движи по траекторија што ја коригира уредот за наведување кој се наоѓа во самата бомба. Во таа пригода бомбата не користи никаков дополнителен погон, туку се движи во насока на целта под притисок на нејзината тежина. На овој начин „Загон-2Е“ не создава никаква бучава/шум при доближувањето до целта, така што непријателските подморници не можат да ја откријат со нивните хидроакустични сензори, создавајќи целосен ефект на изненадување“, напоменува Кочкин.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња