На интернет се појави фотоматеријал на кој се гледа судар на две воздухопловни бомби ОФАБ-500ШР пред да паднат врз својата цел.
Инцидентот се случи на воздухопловниот митингу „Авиамикс“ за време на практичната демонстрација на изведување борбена задача од страна на ловци-бомбардери Су-34. Имено, авионите во налетот над својата цел ги исфрлија воздухопловните бомби тешки по 500 килограми, пренесува интернет-порталот mars.online.
Столкновение в воздухе двух авиабомб ОФАБ-500ШР. Фото @jumpsharc pic.twitter.com/TDNEHzDCro
— Ivan O'Gilvi (@o_gilvi) 26 April 2019
По исфрлањето на бомбата од авионот, се активира специјалниот спремник во кој се наоѓа падобран. Тој има задача да го забави нејзиниот пад, при што на тој начин се обезбедуваа време за излегување на авионот од радиусот на нејзиното дејство. Освен тоа, на тој начин се стабилизира траекторијата на бомбата така што се формира идеален агол на паѓање кој ја исклучува можноста од недоволно цврст контакт со метата, поточно се избегнува ефектот на рикошет.
Според пишувањето на рускиот интернет-портал РГ, кај разорно-фрагментарните воздухопловни бомби ОФАБ-500ШР се наоѓаат три раздвоени боеви глави заради покривање на што поголема зона за убојно дејство. Тежината на „боевиот блок“ кај овие бомби варира од 80-142 килограми.
На фотографиите е прикажан моментот на судар на две воздухопловни бомби ОФАБ-500ШР додека паѓаа врз својата цел. При нивниот меѓусебен контакт дојде до детонација во воздухот. Инаку, исфрлањето на овие бомби од толку мала висина главно се реализира на показни демонстрации на разни воздухопловни манифестации. Ваквата пракса не се применува во реални борбени ситуации. Во конкретниов случај, секој авион Су-34 исфрли по четири вакви бомби.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче